Родители и Деца

Зошто не треба да ги бакнувате вашите деца во уста

Можеби се прашувате што има лошо во тоа да го бакнете своете дете во уста? Тоа е, многумина тврдат, начин на поврзување. Но всушност, тоа може да биде и лош начин на поврзување со вашето дете, бидејќи токму со таа постапка, можете да му создадете одредени проблеми.

Детето, заради вашите бакнежи во уста, би можело да има проблеми со забите. Тоа не е ништо ново, но многу родители не знаат за оваа потенцијална опасност.

Една студија спроведена во 2015 година покажала дека заради бакнувањето на детето во уста, во подоцнежните години постои поголем ризик од создавање на кариес бидејќи бактериите кои предизвикуваат кариес се пренесуваат преку плунка, но ова многу мајки не го знаат.

Биле направени испитувања на 313 мајки, а кои се однесувале на односот на мајката кон нејзините деца, вклучувајќи прашања како на пр. : дали ги бакнуваат децата во уста, дали понекогаш користат иста лажица, дали и колку често ги мијат забите, дали пушат цигари и колку години имаат, бидејќи сите овие се фактори кои можат да влијаат на појавата на кариес.

По пат на овие испитувања се утврдило дека 38% од мајките ги бакнуваат децата во уста, а 14 % од нив ја делат истата лажица.

Кариесот е пренослив, а тоа значи дека може да се пренесе од едно на друго лице, во овој случај од мајката на детето.

Пред повеќе од една деценија, изнесени се докази за бактериите кои го причинуваат кариесот на забите. Streptococcus mutans, ,може да се пренесе на бебе преку бакнеж, доколку родителот користи иста лажичка или доколку цуцлата на бебето дојде во допир со плунката на мајката.

Најдобро е да избегнувате вашата плунка на било кој начин, да дојде во допир со детето, а тоа значи да не го бакнувате во уста, да не делите прибор за јадење и да не се обидувате да ја ” избришете ” цуцлата со вашата плунка откако цуцлата на пр. паднала на под.

Покрај тоа што потенцијално го нарушувате здравјето на забите на вашето дете, на овој начин можете да му пренесете и други инфекции како на пр. херпес.

А.Т.

error: