Детско ЗдравјеРодители и Деца

Зошто на децата им треба добар сон

Здравиот сон му е потребен на секое дете, за да расте и да биде здраво. Многу органи се регенерираат за време на спиењето, како мускулите, срцето, а кога децата се добро наспани, и рефлексите за глад и ситост се подобро контролирани.

Спиењето го поттикнува мозокот

Додека детето е во светот на соништата, мозокот ги складира случувањата од поминатиот ден, за да може подоцна да се сети на нив. Тоа е еден од клучните начини за учењето. После добар сон и одмор, полесно ќе се фокусира на работните училишни задачи и ќе ги завршува побрзо и со помалку грешки.

Колку сон му е потребно на моето дете?

На децата им е потребно повеќе сон од колку на Вас. Мало дете, под 3 години, треба да спие од 11 до 14 часа на ден. Дете на возраст од 3-5 години – од 11 до 13 часа. На возраст од 6 до 13 години, потребно е од 9 – 11 часа, а на тинејџерите од 8 – 10 часа.

Дали на моето дете му е потребен краток дневен одмор?

Ако детето не спие доволно навечер, ќе треба да одмори и во текот на денот. Помалите дечиња кои треба да спијат до 13 часа на ден, ако во текот на ноќта спијат по 8 часа, остатокот ќе го надокнадат во текот на денот.

Повеќето деца престануваат со дневното спиење на возраст од 5 години. Ако и понатаму преспиваат преку ден, значи дека им недостасува ноќниот сон.

Тинејџерите кои преспиваат преку ден, веројатно навечер покасно легнуваат, па надокнадуваат во текот на денот.

Како да го натерам моето дете да заспие?

Не треба да водите битка со детето за да го легнете. Изведувајте одредени ритуали пред спиењето, кои ќе Ви станат рутина, па дури и за викенд. Дали тоа ќе биде капење, миење заби, сите активности кои ги правите пред спиење, кое секако ќе заврши во спалната соба. Можете и да му читате приказна за добра ноќ, со загасено светло, а просторијата во која спие детето треба да биде тивка, затемнета, со пониска собна темература. Но, ако имате дете кое навистина има проблем со заспивањето секоја вечер, тогаш немојте да му читате ниту да го анимирате на било каков начин, едноставно легнувате и затворате очи.

Дали мојот тинејџер може да си легнува на време?

Не дека е невозможна мисија, но, и не е така едноставно. Кај тинејџерите, едноставно внатрешниот часовник им е таков да, навечер легнуваат доцна, а спијат повеќе наутро.

Што можете да направите? Собата во која спие, нека биде со пониска собна температура, мирна, тивка, затемнета. Не се откажувајте да му упатите забелешка, дека нема мобилен, нема компјутер, нема телевизија пред спиење. И, поставете правило, за викенд, може да поспие 2 часа повеќе од времето кое го поминува во спиење преку работните денови.

Дали часовите на училиште треба да почнуваат подоцна?

Постојат контраверзни ставови околу ова прашање. Часовите најчесто започнуваат во 8 часот наутро, а за еден тинејџер е тоа релативно рано, земајќи во обзир дека ниеден тинејџер не си легнува пред 11 часот навечер. Доколку тинејџерите се наспани доволно, и почнуваат подоцна со часови, би требало да постигнуваат подобри оценки и подобри резултати на тестовите.

Дали моето дете спие доволно?

Ако на детето не му требаат повеќе од 15 минути до половина час за да заспие навечер, а наутро се буди лесно, без да се обидувате неколку пати да го разбудите, значи дека на детето му е доволен сонот. Исто така, показател е и фактот ако не дреме на часовите и не преспива попладне.

Кога треба да се загрижите дали детето страда од некое нарушување на спиењето?

Најчесто, за време на растењето на децата, потребата за спиење и дремнување, е нормална појава. Но, понекогаш, појавата на некои симптоми може да укажуваат на некаков здравствен проблем. Набљудувајте го детето ако ‘рчи, прави долги паузи при вдишување и издишување, или манифестира други проблеми кога спие. Тоа може да бидат знаци за нарушување кое се нарекува sleep apnea.

Одење во сон (месечарење), кошмари, неконтролирано мокрење во сон, исто така може да бидат знак за некое нарушување, па во такви случаеви, најдобро е да се консултирате со педијатар.

Како да направите разлика помеѓу симпотмите на АДХД и потребата за повеќе сон?

Возрасните и децата не реагираат исто кога им фали сон. Возрасните може да се успорат, додека децата почнуваат да се удираат и од зидови. Потребно е да се консултирате со педијатар, дали однесувањето на детето е поврзано со АДХД синдромот (ADHD – Attention Deficit Hyperactivity Disorder), синдром на намалено внимание и хиперактивност. Студиите покажуваат дека кај вакви деца е потребен добар и доволен сон, што ќе им помогне во намалување на хиперактивноста и во задржување на вниманието.

За симптоми и третман на АДХД синдром прочитајте повеќе на следниот линк: АДХД кај деца, симптоми и третман

error: