Родители и ДецаФизичко Здравје

Вишокот на витамини го зголемува ризикот од спонтан абортус?

витамини за трудници

Огромното мнозинство на луѓе мислат дека витамините се нешто најздраво што природата може да понуди, и дека не треба да има никакви ограничувања на количината што треба да се внесува во организмот. Она што е уште поопасно е сличното размислување на идните мајки, со оглед на тоа дека тие директно влијаат на развојот и животот на детето.

Се разбира дека ова воопшто не е точно, бидејќи со внес на поголема количина на на витамини не само што не се постигнува никаков ефект, туку во совршениот механизам како што е човечкото тело создава проблем сличен на оној како кога недостасуваат витамини.

Истражувањата кои заедно ги спроведоа истражувачите од Универзитетот во Архус во Данска и Универзитетот во Питсбург во САД, покажаа дека зголемена доза на мултивитамини до шест недели пред забременувањето може да го зголеми ризикот од спонтан абортус и до 32 проценти!

Иронично е тоа што жените навистина веруваат дека во текот на бременоста треба значително да се зголеми внесот на здрави хранливи материи во организмот.

Како особено опасен, научниците успеале да го издвојат витаминот А, додека од друга страна, постојат работи што навистина треба да бидат повеќе внесени во телото, што е случај со фолната киселина.

И покрај сите тврдења од споменатата група на научници, ова истражување има отворено неколку прашања чии одговори ќе биде неопходно да се бараат во некои понатамошни истражувања.

Би можело да ве интересира и: Витамин Д-Хипервитаминоза: Сериозна состојба која треба да се лекува!

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: