Родители и Деца

Со какви предизвици се соочува вашето дете на возраст од 3 години или во периодот на адолесценција?

Секој од нас се соочува со искушенија и предизвици во текот на животот, па и децата. Истражувањата покажуваат дека децата се соочуваат со уникатен сет на предизвици во одредени фази на животот. Но, тие не се во можност да реагираат преку анксиозност и грижа сè додека не влезат во периодот на адолесценција.

Кои се примарните предизвици со кои се соочуваат децата во различните стадиуми на нивниот развој?

Новороденчиња и деца (до 3-годишна возраст)

Примарниот предизвик се нарекува емоционална регулација. Во оваа најрана фаза, децата може да почувствуваат широк распон на емоции, како радост, возбуда, страв, тага, жалење, бес. Критичната точка во оваа фаза е да им помогнете на децата да ги разберат своите чувства, без разлика дали се добри или лоши, така ќе им помогнете да ги разберат своите чувства и подоцна ќе можат да се справат со нив.

Експериментирајте со детето – на сите негови звуци, гестикулации и фацијална експресија, Вие реагирајте со сензитивност. На овој начин ќе му покажете на детето дека неговите чувства се важни и се препознаваат.

Предучилишна возраст (3-6 години)

Во оваа фаза најголемиот предизвик е новооткриеното чувство за независност на детето. Без разлика дали детето се согласува со Вас или не, конзистенцијата и рутината се клучен момент за предучилишните деца.

Ако не сте сигурни што детето може да направи и кога може да направи, во наредните 3 години ќе дознаете.  Недоследноста може да ги збуни децата. Ако почувствуваат дека ги менувате правилата во зависност од вашето расположение, тие постојано ќе ги тестираат своите граници.

Дајте му на детето доволно време и простор за игра. Очекувајте да бидете предизвикани во оваа фаза, но, држете ги под контрола сите предизвици.

Училишна возраст (од 6-12 години)

Најголемиот предизвик со кој се соочуваат децата во оваа фаза е стравот од неизвесноста. Додека детето ужива во својата независност, сепак зависи од навигацијата на родителите, кои им помагаат да се снаоѓаат во страшниот и мистериозен свет.

Но, со стравот од неизвесноста постои и стравот од одбивање. Детете почнува да сфаќа дека таму надвор, постои голем свет, каде не можат да одат сами. Затоа, најважно е да се развиваат релации со многу љубов и грижливост, како во домот, така и надвор од него.

Колку што е повеќе можно, охрабрувајте го вашето дете и опсипувајте го со пофалби. Дозволете им да стекнат искуство поради своето сопствено однесување, нека прават грешки, но, секогаш најдете некое логично објаснување. Прашајте како го поминал денот, и покажете грижа и внимание.

Тинејџери (од 13-19 години)

Периодот на адолесценција е богат со предизвици – на ментално, социјално и психичко ниво. Повеќето од овие предизвици имаат корени од периодот на пубертетот. Но, притисокот – од врсниците или од општеството во целина- можеби е најголемиот предизвик со кој се соочуваат тинејџерите. Кулминацијата на овие надворешни и внатрешни притисоци може да доведат до злоупотреба на дроги или ментални здравствени проблеми.

Институтот за развој на децата во САД, ги сумира тинејџерските години на следниот начин:

За време на адолесценцијата, на децата им се потребни родители повеќе од секогаш. Истражувањата покажуваат дека позитивното семејно опкружување – кое опфаќа забавни активности на семејството, отворена комуникација со децата и поттикнување на детето да учествува во позитивни и комуникациски активности – им помага на тинејџерите многу полесно да ги поминат овие години.

Иако вашиот тинејџер нема да покаже отворено, потајно го посакува вашето водство.

Не го притискајте со сила да Ви се отвори. Наместо тоа, потсетувајте го дека сте секогаш тука за него.

Уверете го вашето дете дека го сакате безусловно. Вербализирајте ги вашите мисли, грижи, за да секогаш јасно бидат сфатени реакциите. Позитивните и здравите релации со многу љубов се главниот предуслов за детето да се развие во здрава индивидуа.

 

На следниот линк прочитајте за: 10 ФРАЗИ КОИ МАЈКИТЕ НАЈЧЕСТО ГИ КОРИСТАТ – Сигурно ќе се препознаете

 

 

 

М.Д.

 

error: