Родители и Деца

Родители, применувајте ги овие три стратегии за да израснете ментално силни деца

Кога станува збор за децата, а Вие сте родители, сигурно постојано низ главата Ви се врти прашањето: “ДАЛИ СУМ ДОБАР РОДИТЕЛ?” Иако постојат правила и правила, се трудите да ги следите, сигурно ќе се доведете во ситуација кога ќе излезете од ‘контрола’. Дали има право некој да Ве обвини? Не. Љубовта кон Вашите деца е безусловна, никому не може да му биде поважно здравјето и благосостојбата на Вашето дете, отколку на Вас, родителите.

При воспитување на децата, особено важно е да се поттикне менталната сила, која е клучот за реализирање на нивните потенцијали. Иако детето поседува талент, паметно е, тоа не е свесно за тоа и несигурноста може да го уништи неговиот потенцијал, ако не го научите да верува во своите квалитети.

Ова се три од можните стратегии кои може да ги примените за да ја поттикнете менталната издржливост на детето:

Научете го детето да размислува реално

Премногу сигурното дете во себе, нема да учи за тестот, затоа што смета дека тоа ќе биде многу лесно. Додека, на детето на кое му недостасува самодоверба, нема да вложи многу труд, затоа што неговото размислување е дека нема да го реши тестот секако, па затоа нема потреба да се потруди.

Ако сакате Вашето дете да направи напор за да успее, треба да го наведете да развие реален внатрешен дијалог. Детето кое може да ги препознае своите ограничувања, а сфаќа која е моќта доколку се труди, може да стигне далеку во животот.

Поставувајте му прашања, кои ќе го наведат да ги гледа работите од поинаков агол. Поттикнете го нивното размислување за да сфатат дека нивните претпоставки и заклучоци може да бидат искривени и неточни.

Секогаш фалете го нивниот труд, не нивните резултати

Доколку го фалите детето само кога ќе постигне добар резултат, на тестот, на натпревар, на било која активност со која се бави, може да постигнете контра-ефект, детето толку да стекне самодоверба, па да престане да се труди. Тоа ќе сфати дека е најважен резултатот, па нема да сака да се обиде во друга активност, од страв дека нема да постигне добар резултат.

Наместо тоа, секогаш фалете го за трудот што го вложува, без разлика на постигнатиот резултат. Пофалете го колку многу учело за тестот, пофалете го колку добро играл на натпреварот, така ќе сфати дека е важен напорот кој го вложува во сè што прави.

Научете ги како да се справуваат со емоциите

Кога детето е натажено или бесно поради некоја ситуација која го вознемирила, не е доволно да му кажете да престане, да се смири. Мора будно да ги следите реакциите на децата, да знаете што е тоа што би го смирило – можеби да излезе надвор да поигра, да гледа цртан филм, да слуша некоја музика, да црта… Треба да го научите дека е во ред што се чувствува така, дека не може секогаш да се чувствува среќно, но, мора да научи да се справува со емоциите, затоа што понатаму во животот ќе се соочува со повеќе непријатни и неправедни ситуации, при кои ќе умее да се контролира.

 

Совети за родителите: Помогнете им на вашите деца со тоа што ќе им читате уште од мали

 

 

М.Д.

error: