Детско ЗдравјеРодители и Деца

Како да изберете крема со заштитен фактор за вашето дете?

Кога ќе се сетите колку е мазна и нежна кожата на бебето, потрудете се да не дозволите да таа се оштети под дејство на сончевите зраци. УВ зраците ја оштетуваат кожата, подоцна се појавуваат брчки и се зголемуваат шансите за развој на карцином.

Мачкајте го детето со крема со заштитен фактор пред да излезе надвор. Не заборавајте ги деловите позади колената, ушите, околу очите, вратот и скалпот.

Нанесете ја кремата 15 до 30 минути пред изложување на сонце. Повторувајте го нанесувањето на секои 2 часа, или порано, ако детето плива. И водоотпорните креми имаат одреден период на делување и заштита.

Како да направите вистински избор на крема со заштитен фактор за детето?

Изберете крема што содржи цинк оксид или титаниум оксид, бидејќи состојките се помалку иритантни за кожата и не се абсорбираат.

Постојат сомневања дека некои состојки во кремите за сончање, како oxybenzone и retinyl palmitate (форма на витамин А) можеби делуваат штетно на кожата. Иако, и двете компоненти се одобрени за употреба од ФДА.

-Кремата треба да биде со заштитен фактор (SPF) најмалку 30 и повеќе.

-Кремата да има ознака – “со широк спектар” (“broad spectrum”), што значи дека ги блокира и UVA и UVB зраците.

– Дозволете му на детето да си избере очила за сонце, за да ги носи.

-Кремите во форма на стик се најдобри за лице, за да се нанесат убаво и да не се растекуваат.

-Млеката за сончање во форма на спреј се полесни за апликација кај децата, па дури може да им биде забавно.

И облеката е важна

Заштитните креми се само дел од заштитата од изгореници. Основната препорака  – да не се изложува на сонце во периодот помеѓу 10 – 16 часот – е всушност и најважна.

Белата маичка не е толкава заштита колку се мисли. Зраците може да поминат преку неа и да настанат изгореници. Најдобра е темна, тесна облека која ја покрива кожата.

Постои облека која е третирана со одредени хемиски супстанции кои штитат од ултравиолетови зраци. Заштитниот фактор се губи после одреден број на перења, па затоа внимавајте на преораките од производителот.

Капчињата со модерен дизајн може да бидат добар моден додаток за децата, но, поважно е да имаат широк обод на делот над лицето, што ќе прави сенка над очите.

Како да ги третирате изгорениците кај детето?

Ако детето има изгореници, но е разиграно, нема треска, нема пликови, третирајте ги на следниот начин:

  • Ставете ладна облога на изгорените делови на кожата.
  • Нанесете гел со алое вера, а подобро а ако претходно гелот го чувате во фрижидер, за да биде ладен.
  • Дајте му да се напие антипиретик.
  • Нека пие многу течности.

 

На следниот линк прочитајте:  Задавајте им задолженија на децата уште од најрана возраст

 

 

М.Д.

error: