Родители и Деца

Еве зошто не смеете да се прејадувате на почетокот на бременоста

Жените кои кога ќе останат бремени ја зголемуваат тежината имаат поголем ризик нивните деца да бидат невообичаено големи и склони на здравствени проблеми во иднина, покажува едно најново истражување.

Авторот за ова истражување

„Зголемувањето на тежината по 18. недела од бременоста не е поврзана со големината на бебето по раѓањето“, тврди доктор Рави Ретнакаран од болницата „Маунт Синај“ во Торонто, авторот на ова истражување.
„Додека ја водиме бременоста сме фокусирани на тоа колку добива на тежина трудницата и ја мериме на секој преглед за да видиме колку килограми добиле“, вели тој.

До сега не се знаеле точно колку зголемувањето на тежината е важно.
„Тоа е многу тешко да се проучува и поради тоа научниците обично се потпираат на тежината што трудницата кажала дека ја има пред бременоста, што пак не мора да значи дека била точна.“

Методи на истражувањето

Во ова истражување биле опфатени над илјада жени во Кина и нивната тежина била мерена пред да забременат, а потоа во разни месеци од бременоста. Во просек, прв пат нивната тежина била измерена 20 недели пред забременувањето. Зголемувањето на таа тежина до 14-тата недела од бременоста било поврзано со породилната тежина на бебето.

Во просек, секој килограм добиен кај мајката пред 14-тата недела од бременоста, резултирало со зголемување на тежината на бебето за 13,6 грама. За секој килограм добиен кај мајката помеѓу 14-тата и 18-тата недела на бременоста, тежината на бебето се зголемувала за цели 26,1 грам, скоро двојно од тежината до 14-тиот месец.

Според доктор Ретнакаран, не може да се намали ризикот од раѓање на големо бебе со било каква физичка активност или диета, бидејќи веќе било предоцна. Тоа уште толку ја докажува теоријата дека е потребно да имате добра тежина пред да забремените.

 

 

Н.Н.

error: