Родители и Деца

Бременоста по 30-тата година го продолжува животот

Неодамна е спроведена студија на медицинскиот факултет во Бостон каде се добиени резултати дека жените кои остануваат бремени по природен пат по 30-тата година од животот, имаат поголема шанса да доживеат длабока старост.

„Ова не значи дека жените треба да раѓаат подоцна за да си го продолжат животниот век, туку покажува дека зачнувањето во подоцнежни години предизвикува бавно стареење на репродуктивниот систем, а со тоа побавно старее и целото тело“, изјавува Томас Перлс, ко-автор на оваа студија, и професор по медицина на универзитетот во Бостон.

Според податоците на една друга студија, Томас Перлс заедно со неговите колеги дошле до заклучок дека 462 жени кои родиле по својата 33 година од животот имале 2 пати поголема шанса да доживеат 95 или повеќе години. Тоа било значително повеќе во споредба со оние кои последното дете го родиле пред својата 29 година.

Тие сметаат дека одредено влијание имаат и генетските предиспозиции на жените кои можат да го забават стареењето.

error: