Живот

МУДРОСТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕ СЕКОЈА ДАМА

Вистинските, големи дами, постоеле од секогаш. Големината на жената не се мери само со социјалниот статус, материјалните добра кои ги поседува или други статусни обележја. Големината на жената се наоѓа во силината на нејзината волја да ги премине сите препреки, да ги надмине сите моменти во животот, кога животот се случува непланирано, кога се бори како лавица за сè што е вредно, во емотивна и егзистенцијална смисла.

Само самосвесната жена, која знае која е, што е, што сè може, нема да чека од ‘некој’ да ја спаси, ниту пак ќе верува дека принцот на бел коњ ќе се појави, или пак магично стапче ќе ги реши проблемите. Силната жена е реална, и со својот ум и со своите можности ќе се бори со сите потешкотии во животот.

Мудростите, кои треба да ги знае секоја ДАМА, а кои имаат исконско потекло, за кои говореле и нашите баби, прабаби, не доаѓаат од учебник, туку од животното искуство.

Мудрости за секоја ДАМА

  • Големите жени не паѓаат во очај кога ќе сфатат дека партнерскиот однос им се распаѓа. Наместо меланхолија и самообвинување, тие посегнуваат по спомените. Чувството на отрфлање, го заменуваат со чувство на припадност, со личност или ситуација, кога се чувствувале заштитено и сакано.

 

  • Советите од претходните генерации на жени во семејството, дека секоја жена – секогаш треба да има ‘црн фонд’, не мора да значи големи финанскиски средства, но, мудрата жена треба мудро да ракува со парите.

 

  • Секоја дама, во својот плакар мора да поседува барем едно посебно парче облека, кое ќе им се најде во непланирани ситуации, состанок, вечера или некоја прослава.

 

  • За минатото не размислувајте негативно, не жалете за она што се случило. Тоа е позади Вас, бидете благодарни на животното искуство што сте го добиле.

 

  • Секогаш бидете свесни дека она што се случува денес, никогаш нема да се повтори. Искористете го моментот, земете го она што е најдобро. Секој миг е единствен. Меморирајте ги тие моменти, за да создадете спомени за иднината.

 

  • За да доживееме старост, треба полека и смирено да ‘созреваме’. Како јаболката, на која временските прилики и неприлики оставиле трага, но, на крајот, таа е вкусна и убава. Бидете заносни и зрели во зрелата доба од животот.

 

  • Имајте дома комплет шрафцигери и мала бормашина – може да Ви се најдат за ситни поправки во домот, за да не бидете беспомошни за секоја ситница која може да Ве снајде.

 

  • Обавезно имајте комплет фина, квалитетна долна облека. Не ја правете грешката – не Ви е потребен. Да, потребен Ви е заради Вас самите. Колку и да сте уморни, дебели, долната облека ќе Ве направи задоволни, ќе Ви ја зголеми самодовербата.

 

  • Купете си некое парче мебел за во домот, кој ќе Ви иницира убави чувства.

 

  • Имајте комплет за ручек / вечера, кој ќе Ви биде посебен, и ќе се најде кога ќе Ви се најават гости.

 

  • Многу е важно да имате пријателка, на која ќе можете да и ги кажете своите најинтимни доживувања, размислувања, пред која ќе можете и да плачете и да се смеете.

 

 

 

error: