Миленичиња

Научниците конечно ја решија дилемата – дали кучињата и мачките можат да гледаат духови?

Група на научници докажаа дека нашите миленичиња можат да гледаат различни фреквенции кои ние не можеме да ги видиме.

Животните, меѓу кои и нашите кучиња и мачиња, се способни да гледаат УВ светлосни бранови. Нашата мрежница нема таква способност. До пред неколку години, научниците можеа само да претпостават дека видот кај луѓето е ист како и кај животните, но денеска е јасно дека тоа не е случајот.

Биолозите од универзитетот „City University“ во Лондон дојдоа до детали за еден фасцинантен феномен.

Доколку некогаш сте се почувствувале дека вашата мачка или куче гледаат нешто што вие не можете да го видите, сте биле во право. Тоа што животните се способни да гледаат УВ светлина им отвора еден сосема различен свет од нашиот.

Некои луѓе дури и тврдат дека виделе некакви сенки токму кога нивните миленичиња почнале да се однесуваат чудно. Но, ќе остане мистерија дали постои нешто натприродно и дали животните можат да го видат тоа.

 

 

Н.Н.

error: