Миленичиња

Овие 4 компании дозволуваат платено отсуство ако посвоите ново милениче

Многу од светските компании разбираат дека процесот на чување на куче е тежок и бара време и труд. Кучињата, посебно кога се малечки, бараат љубов и внимание додека да се прилагодат на новата средина и да почнат да им веруваат на сопствениците. Поради овој факт, неколку компании одлучија на нивните вработени кои што ќе почнат да чуваат милениче да им дадат неколку слободни денови. Еве кои се тие компании:

Mars Petcare

Една од првите компании во светот која дозволи отсуство од работа на вработените кога тие ќе посвојат милениче. Тие на вработените им дозволуваат 10 часа платено отсуство, а потоа дури смеат и да го донесат нивното милениче со нив на работа.

Mparticle

Оваа IT компанија на своите вработени им нуди 14 дена платено отсуство за нивните работници што ќе посвојат кученце. Тоа време компанијата го дава со цел прошетки и тренинг на кучето, кои го сметаат кучето како член од семејството.

BitSol Solutions

Оваа технолошка компаниија од Манчестер, Англија, нуди 7 дена платено отсуство за земање на ново милениче од страна на нивните вработени. Тие велат дека малите кучиња се како бебиња, и потребно е нивните сопственици да се дома со нив додека да се прилагодат.

BrewDog

Компанија за пиво од Шкотска дава 7 дена платено отсуство поради тоа што горниот менаџмент тврди дека многу сака кучиња.

Некои компании во светот дури и даваат неколку слободни денови ако миленичето на некои од нивните вработени почине. Такви компании се:  Kimpton Hotels & Restaurants, Mars Inc, VMware.

 

 

Н.Н.

error: