Миленичиња

4 причини зошто секој дом мора да има барем една мачка

Иако многумина сметаат дека мачките се манипулативни и себични, тие имаат позитивно влијание врз домот и односите во семејството. Има повеќе причини зошто е важно да чувате мачка во вашиот дом.

Го штити домот од негативна енергија

Мачкките имаат позитивна аура и со тоа ја отстрануваат негативната енергија од вашите домови. Се верува дека таа ги брка лошите духови бидејќи може да го види она што ние не можеме.

Го штити семејството од негативни луѓе и ситуации

Доколку мислите дека некој ви мисли лошо, или дека надоаѓа опасност, мачката може да ве заштити. Галете ја вашата мачка од нејзината лева шепа кон опавчето, и ќе ја активирате нејзината способност да ве заштити од било какви закани.

Помага во лекување на одредени болести

Се верува дека мачките имаат магични моќи кои ги лекуваат болните. Доколку чувствувате болак во стомакот, ставете го вашето маче во скут, и неговата енергија ќе помогне во намалување на болката.

Мачката го намалува стресот кај човекот

Кога мачките предат, тие испуштаат смирувачки вибрации кон човечкиот организам и го намалуваат стресот од модерниот начин на живот. За да бидете посмирени, често галете се со вашите мачки.

Доколку сакате да ги примените магичните моќи на мачката, мора да ја знаете нејзината боја.

  • Црна – магија и заштита. Тие ја впиваат целата негативна енергија, и носат мудрост кај луѓето.
  • Сива – позитивна енергија која носи многу среќа и мир.
  • Бела – го намалува стресот и носи добро здравје
  • Двобојна – носат успех и среќа
  • Тробојна – го штитат домот од негативна енергија
  • Мачка со шари во риги – привлекуваат среќа и пренесуваат добро расположение

 

 

Н.Н.

error: