Љубов и Секс

Дали навистина мажите се од Марс, а жените од Венера?

Дали мажите се од Марс, а жените од Венера? Можеби не.

Поп-психологија на модерното време, според која мажите и жените се различни во секој поглед.

Разлики помеѓу машкиот и женскиот пол

Професорот по психологија, Хари Реис,  при Универзитетот Рочестер Медикал Центар во Њујорк, и неговиот соработник, Боби Каротерс, аналитичар во Центарот за наука на системот за јавно здравство, при Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, анализирале 122 различни физички и персонални карактеристики, кај повеќе од 13.000 лица. (Резултатите се објавени во Journal of Personality and Social Psychology)

Физичките карактеристики кои биле следени се телесната тежина, висина, ширина на рамена, обем на рака, односот помеѓу пропорциите на половината и колкот. Физиолошки карактеристики вклучувале емпатија, страв од неуспех, интимност, избор на партнер и сексуални ставови и однесувања.

Заклучок?

Се разбира дека постојат разлики во  физичките карактеристики помеѓу мажите и жените, не само во однос на гениталните органи, туку и во висина, тежина, сила и моќ (мажите можат да го фрлаат копјето подалеку, за разлика од жените, и може да скокаат во висина повеќе, за разлика од жените).

Одредени стереотипи се однесуваат и на хобијата и активностите. На пример, жените повеќе покажуваат интерес за читање книги, педикир, гледање телевизиски серии, додека мажите се склони кон бокс, видео игри, гледање порнографија.

И, според ова истражување, разликите тука завршуваат.

Стереотипно однесување?

Според психологијата, размислувањето кај мажите и жените се совпаѓа. Без разлика, дали се мажите од Марс, или од Венера, исто и жените може да бидат, односно, за двата рода може да се каже дека се од Земјата.

Според д-р Т. Бирам Карасу, психијатар при Монтефиоре Медицинскиот Центар во Њујорк, во реалноста, не постојат само женски, или само машки карактеристики. Навиката да се додаваат сите атрибути врз основа на гениталните органи кај двата пола, е само навика. Според него, машкоста е спектар и постојат мажи кои се повеќе ‘жени’од жените, во однос на ‘женските’ карактеристики како емпатија,сочувство. Женственоста е исто така спектар, бидејќи постојат жени кои имаат повеќе тестостерон и манифестираат поголема агресија, во однос на повеќето мажи.

Од каде тенденцијата да се поделат мажите и жените во различни стратосфери?

Веројатно поради определување на улогите на секој од нас во општеството. Ова може и да делува штетно, со наметнување на очекувани атрибути кон едниот или другиот пол. Ако некое вознемирувачко однесување на било кој пол, се оправдува со карактеристики дека се специфични за мажите, или за жените, тогаш таа личност нема да има никаков поттик да се промени во однос на тоа.

Би било добро доколку се прифати идејата дека разликите во одредени квалитети и карактеристики кај различни луѓе се само тоа, а не поврзани со полот.

Идејата дека мажите се од Марс, а жените од Венера, според овие истражувачи, може да оди во заборав.

error: