Љубов и Секс

9 работи кои момците ги забележуваат за време на сексот за кои вие не сте свесни

Дали тој навистина ги забележува сите оние недостатоци за кои вие толку многу се грижите? Мажите не сакаат да ја одработат целата работа и обожаваат жени кои знаат како да преземат иницијатива.

Пред се момците не го забележуваат олупениот лак на ноктите, суви петици или влакната кои не се отстранети од бикини зоната. Тие забележуваат други работи за кои вие често не сте ни свесни. Ова се некои од нив:

1. Несовршености

Да секако тој ќе го примети салото на стомакот или стриите. Но тоа нема да ви го спомене бидејќи тоа нему ниту малку не му смета.

Тој ве сака таква каква што сте, во неговите очи вие сте вистинска божица.

2. Свежа депилација или секси долна облека

Ако сте помислиле дека момците не ја забележуваат вашата долна облека или мали трикови како депилација и уредување на интимната зона сепак не сте во право.

Иако тие се загреани за вашето тело, тие сигурно ги забележуваат вашите напори да ги импресионирате.

Тоа секако многу им годи. Затоа дотерајте се и уживајте во магијата на страствено водење љубов.

3. Реакцијата на нивните маани

Тој сигурно ќе примети дека гледате во неговата лузна, а тоа ќе го направи несигурен.

Игнорирајте ги неговите маани исто како што тој ги игнорира вашите бидејќи никој не е совршен.

4. Колку вашите емоции се силни

Тој сака да знае дека е посакуван и дека само него го сакате покрај себе.

Покажете му дека сте возбудена покрај него и колку ви значи. Тоа ќе го направи среќен.

5. Дали уживате во водењето љубов

Момците секако приметуваат колку уживате во текот на сексот.

Ако во тек на “оваа акција” изгледате незаинтересирано веројатно нема да има желба повторно да “оди со вас во кревет”.

6. Секоја нова вештина

Сите нови вештини кои почнувате да ги применувате во спалната соба, тој ќе ги примети и сосема сигурно ќе ги обожава, а кога не сте заедно ќе мисли на вас и ќе ги брои часовите до моментот додека повторно нема да оди во кревет со вас.

7. Во што најмногу уживате

Секоја девојка е поинаква. Тој ќе сака да знае што ве возбудува највеќе и што сакате.

Бидете доволно паметни и јасно покажете му каде точно ви се тие точки на уживање. Ќе му ја олесните работата а сексот ќе ви биде уште поквалитетен.

8. Колку труд вложувате

Тој многу брзо ќе се олади ако не вложувате ни малку труд кога е сексот во прашање.

Ако сакaте тој да мисли дека вашите вештини во кревет се инзвонредни, потрудете се и изненадете го почесто со работите во кои тој ужива.

9. Емоциите после сексот

Момците уживаат во мазењето и гушкањето исто колку и девојките, па ако тој дел го изоставите нека не ве изненадува дека тој не сака повеќе секс со вас.

 

 

Н.Н.

error: