Љубов и Секс

12 факти за женскиот оргазам кои веројатно не сте ги знаеле

Кога сексот ќе го достигне својот врв, повеќето мажи и жени доживуваат оргазам. Факт е дека жените тоа го доживуваат поретко отколку мажите, но затоа трае подолго и е поинтензивен. Женскиот оргазам долги години било мистерија за многумина, па затоа Ви претставуваме неколку интересни факти за него:

  • Сите оргазми се различни. Некои се кратки и нежни, а други можат да ве возбудат од глава до пети.
  • Квалитетот на женскиот оргазам зависи од сексуалната самодоверба. Жените кои што не се чувствуваат пријатно во своето тело не можат да се опуштат доволно и да се фокусираат на убавите чувства.
  • Оргазам може да се доживее и преку градите. 1% од сите жени можат да го достигнат ова задоволство.
  • Јогазам – оргазам кој многу практикувачи на јога тврдат дека го доживеале. Се појавува без никаква физичка стимулација.
  • Оргазмот помага во намалување на болката. Тоа се случува поради окситоцинот и ендорфините кои ја зголемуваат релаксацијата и создаваат ефект на еуфорија. Некои жени тврдат дека оргазмот им помага со главоболките и со менструалните болки.
  • Некои жени можат да доживеат оргазам без стимулација на гениталиите. Постојат докази за жени кои доживуваат оргазам со самата помисла на тоа, без никаков физички контакт. Исто така постојат и жени кои можат да доживеат оргазам преку галење на веѓата или четкање на забите.
  • Рекорд за најмногу оргазми во текот на еден час е 134. Да, 134. 26-годишна жена доживеала 134 оргазми додека била набљудувана од група доктори.
  • Евидентирани се жени кои страдаат од синдром на сексуална возбуда и доживуваат до 300 оргазми во еден ден. Таков случај е Мишел Томпсон која тврди дека доживува 300 оргазми секој ден, а и се случуваат во било кое време.
  • Скоро 35% од жените имаат потешкотии со доживување оргазам. Околу 80% од жените не можат да доживеат оргазам само со вагинална стимулација, па затоа се препорачува да се стимулира и клиторисот.
  • Со текот на годините, квалитетот на оргазмот се зголемува. Жените во своите 40-ти години исто така можат полесно да достигнат оргазам. Експертите објаснуваат дека тоа е поради фактот што жените стануваат посамоуверени и се порелаксирани пред својот партнер.
  • Речиси 50% од сите жени својот прв оргазам го доживеале со самозадоволување. Според истражувања, најголем дел од жените својот прв оргазам го имаат на 18-годишна возраст.
  • Кондомот не влијае врз јачината на женскиот оргазам, напротив, тој може и да помогне.
  • Оргазамот со мастурбација е побрз отколку тој со секс. Покажано е дека во просек при мастурбација потребни се 4 минути за да се достигне оргазам, а за време на секс се потребни 10 до 20 минути.

 

 

Н.Н.

error: