Дом и ГрадинаЗанимливости

За Велигден офарбајте јајца со природни бои

Велигден е еден од најубавите христијански празници, кога целото семејство се собира, а ритуалот на фарбање јајца дава посебна атмосфера во домот, особено ако имате деца, па тоа е настан во кој сите членови на семејството учествуваат.

Денес има толку многу избор на пазарот, можете да купите разни бои, во најразлични можни варијанти, да си играте со боите, да лепите разни стикери и сликички. Но, има убавина во старинскиот начин на фарбање на јајца. Послужете се со трикови кои ги користеле нашите баби, мајки, и дозволете и на фантазијата да завладее, а и традицијата да не се заборави.

Црвена боја

Ако сакате да добиете убава црвена боја, можете да измешате конзервирани вишни и сок од вишни.

Сина боја

За сина боја, проварете црвена зелка, потоа во блендер измешајте ја со малку боровинки и вода. Оваа смеса повторно се загрева, се процедува и се користи како боја.

Зелена боја

Во блендер измешајте боровинки, спанаќ со сок од боровинки. Оваа смеса треба да проврие, па се додава малку куркума во прав.

Жолта боја

Во литар вода додадете 2 лажици бел оцет и 3 лажици куркума во прав.

Ако сакате јајцата да имаат сјајна боја, откако ќе се исушат и оладат, премачкајте ги со малку масло.

 

На следниот линк погледнете: Креативни идеи за декорирање Велигденски јајца (ВИДЕО)

 

 

 

 

М.Д.

 

 

error: