Дом и Градина

Како сушењето алишта во домот е опасно по нашето здравје?

Кога ги сушиме алиштата во домот, сериозно си го загрозуваме нашето здравје. Сушењето ја зголемува влагата во домот за дури 30% и ние притоа ги вдишуваме сите можни хемикалии од детергентите на штотуку испраните алишта.

Според истражувањата, во воздухот може да се појават и канцерогени материи од сушењето алишта во домот.

Освен штетните последици на нашето здравје, исто така се намалува целокупната топлина во домот, и со зголемувањето на влагата во воздухот се зголемува ризикот за мувла на ѕидовите. Мувлата покрај тоа што ги оштетува ѕидовите, ги умирисува алиштата и предизвикува сериозни респираторни проблеми.

Исто така, се оштетуваат и алиштата кога ги ставаме мокри директно на топла подлога како што е тоа радијатор или печка.

Најдобро решение за да се избегне сето ова е машина за сушење алишта.

error: