Дом и ГрадинаЗанимливости

ИСТРАЖУВАЊЕ: Чистењето со средства ги оштетува белите дробови исто како пушење 20 цигари на ден

Во едно ново истражување е откриено дека жените кои редовно чистат со средства за чистење имаат забрзано намалување на функцијата на белите дробови, слично како она кај пушачите кои пушат околу 20 цигари дневно.

Редовното користење на средства за чистење може да влијае врз белите дробови скоро исто како и пушењето цигари, предупредуваат истражувачите. Тие на универзитетот Бергенс во Норвешка ги анализирале податоците добиени од повеќе од 6,200 луѓе кои користеле производи за чистење во текот на две децении. Испитаниците имале во просек 34 години кога почнале да учествуваат во студијата.

Истражувачите откриле дека жените кои чистеле во домаќинството или професионално се занимавале со чистење, имале намалени функции на белите дробови.

„Сè повеќе податоци се појавуваат за краткорочните ефекти на хемикалиите во средствата за чистење врз астмата, но немаме сознанија за нивното долгорочно влијание врз општото здравје”, предупредува д-р Сесил Свејнс, професор на универзитетскиот Центар за меѓународни студии за здравјето.

Во истражувањето бил мерен капацитетот на белите дробови кај испитаниците и потоа се споредувал со нивните навики. Научниците откриле дека жените кои редовно користеле производи за чистење имале значително намален капацитет на белите дробови и поголема шанса да заболат од астма, во споредба со оние кои не чистеле толку редовно.

Меѓутоа, истражувањето не покажало промена во функцијата на белите дробови кај мажите кои чистеле. Сепак, истражувачите напоменуваат дека во истражувањето учествувале мал број на мажи чии професии вклучувале редовно чистење. Уште едно од ограничувањата во истражувањето е тоа што помеѓу учесниците имало мал број на жени кои воопшто не чистеле.

„Пораката на ова истражување е дека долгорочното користење на средства за чистење многу веројатно им нанесува голема штета на белите дробови”, изјавил Свејнс и нагласил: “Тие хемикалии се обично непотребни бидејќи за чистењето во домот се доволни и само вода и микрофибер крпа.

Би можело да ве интересира и: ДИШЕТЕ СЛОБОДНО: 5 начини како да го подобрите квалитетот на воздухот во вашиот дом

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: