Дом и Градина

Фарбање јајца на пареа (ВИДЕО)

Совршен и лесен начин за фарбање велигденски јајца. На сите им успева и бојата останува преубава. Шарите се формираат сами.

Потребни состојки:

  • 10-15 јајца
  • 2 ќесички од секоја боја
  • 1 чаша алкохолен оцет
  • лимена цедалка

Подготовка:

Јајцата варете ги околу 4 минути и оставете ги да се оладат. Потоа, низ цедалка истурете ги јајцата во друг длабок сад. Додека се сеуште во цедалката, испрскајте ги со оцетот. Ставете го садот и цедалката на оган да се загрева, и на секое јајце сипете малку од секоја боја. Ако јајцата почнат да се сушат, истурете уште малку оцет. Поклопете го садот и оставете 10-15 минути за пареата да ги обои јајцата. Потоа исплакнете ги јајцата од вишокот вода, и премачкајте ги со масло.

error: