Дом и Градина

ДИШЕТЕ СЛОБОДНО: 5 начини како да го подобрите квалитетот на воздухот во вашиот дом

Повеќето луѓе се загрижени за загадувањето надвор – смог, озон, магла особено во зимскиот период. Но, вистината е дека воздухот во домовите, канцелариите и во сите затворени простории може да биде повеќе загаден од надворешниот. Воздухот во домовите може да биде загаден со олово (во домашната прашина), формалдехид, радон и други испарливи хемикалии кои доаѓаат од конвенционалните средства за чистење. Некои загадувачи пристигнуваат со нов душек, мебел, средства за чистење на теписи или бојата од ѕидовите.

Според д-р Дејвид Ланг, шеф на одделот за алергија и имунологија во клиниката во Кливленд, во овој микс се наоѓаат и микроскопски грини, како и мувла и алергени од миленичињата.

Децата, лицата со астма и старите лица, може да бидат особено чувствителни на загадувањето во внатрешниот простор, но последиците може да се појават неколку години подоцна.  

Како да го подобрите квалитетот на воздухот во затворени простории?

Одржувајте ги вашите подови

Правосмукалка. Хемикалиите и алергените може да се акумулираат во правот. Со користење на вакум со ХЕПА филтер, можете да ги намалите концентрациите на олово во вашиот дом. Исто така можете да се ослободите од други токсини и алергии како полен, миленичиња и прашински грини.

Со користење на правосмукалка која има силна моќ за вшмукување и ХЕПА филтер, се овозможува правот и нечистотијата да не се разнесат во издувниот воздух. Не заборавајте да ги поминете и рабовите од теписоните и тапацираниот мебел каде се акумулира прашината. За најдобри резултати поминете со правосмукалка неколку пати неделно и не заборавајте да го измиете филтерот.

Избришете. Добро исчистете го подот. Можете да ги прескокнете средствата за чистење, едноставно користете обична вода за да ги соберете прашината и алергените. Новите микрофибер крпи ја собираат прашината и нечистотијата без да има потреба од користење на дополнителни хемикалии.

Поставете престилка пред вратата. Со поставување на теписонче пред вратата, се намалува внесот на нечистотија и други загадувачи пред влегување во домот. Ако е доволно голема, дури и оние кои нема да ги избришат чевлите, ќе ги остават нечистотиите на теписончето пред врата а не во домот.

Доколку домот е изграден пред 1978 година, постои веројатност на ѕидовите да има траги од оловна боја. Но и во новите домови постои веројатност да има олово кое доаѓа од надвор. Оловната прашина е опасна особено за малите деца. Децата се подложни на повисока изложеност на олово бидејќи лазат и потоа прстите ги ставаат во уста. Најдобра заштита е да не се влегува со обувки во домовите.

Да се одржува нормално ниво на влажност

Мувлите и грините сакаат влага. Со одржување на влажноста на воздухот околу 30-50% полесно се држат под контрола алергените.  Најдобар начин да се контролира влагата е:

  • Да се користи аспиратор или да се отворат прозорите кога се готви, кога работи машината за садови или за време на капење
  • Да не се става многу вода на растенијата во домот
  • Облеката да се суши надвор
  • Доколку се појави мувла треба веднаш да се отстрани за да се спречи ширење

Забрането пушење

Најважниот аспект од загадувањето на воздухот во внатрешноста е секундарниот чад од цигарите. Чадот од цигари содржи 4.000 хемикалии. Истражувањата покажуваат дека пасивниот чад го зголемува ризикот од развој на респираторни инфекции, астма и синдром на ненадејна смрт кај децата. За пушачите оваа навика може да доведе до рак, проблеми со дишењето, срцев и мозочен удар.

Тест за радон

Без разлика дали се работи за нова или стара градба, може да има присуство на радон. Овој безбоен гас без мирис значително го зголемува ризикот од рак на белите дробови. Радонот е втора водечка причина за рак на белите дробови. Доколку се пуши и во домот има високо ниво на радон, ризикот од рак на белите дробови е особено висок.

Радонот е радиоактивен гас, кој потекнува од природно распаѓање на ураниумот, кој се наоѓа во речиси сите почви. Обично се движи нагоре и во домовите влегува низ пукнатини. Секој дом потецијално може да има проблеми со радон.

Гранитните плочи исто така се поврзани со радон. Додека експертите се согласуваат дека повеќето гранитни плочи емитуваат радон, прашањето е дали тие нивоа на радон може да предизвикаат рак. Тестирањето е лесно, ефтино и трае неколку минути. Ако се откријат проблеми со радонот, постојат едноставни начини да се намалат нивоата на гасот.

Природни мириси

Можеби мирисот на лимон се поврзува со чиста кујна или чиста облека. Но, синтетичките мириси во производите за перење и освежувачите на воздух  испуштаат различни хемикалии во воздухот. Но тие нема да се најдат во ознаките на производите. Конвенционалните детергенти за перење, омекнувачите на ткаенина, освежувачите за простории испуштаат гасови во воздухот.  Во една студија пронајдено е присуство на 20 различни испарливи соединенија, вклучувајќи и 7 токсични или опасни во освежувачите за воздух. Но овие хемикалии не биле вклучени на етикетата – бидејќи со закон потребно е да се наведе зборот „мирис“, бидејќи вистинскиот мирис се смета за „трговска тајна“.

Повеќето мириси се добиени од нафтени продукти, и генерално не биле тестирани дали имаат штетни последици кај луѓето што ги вдишуваат. Тестовите обично се фокусирани на тоа дали мирисот предизвикува иритација на кожата.

Затоа треба да се следат следниве препораки:

  • Да се користат производи без мирис
  • Да се користат лесни средства за чистење кои не вклучуваат вештачки мириси
  • Да не се користат аеросолни распрскувачи: дезодоранси, среј за коса, средства за чистење теписи и мебел, освежувачи за воздух
  • Често да се отвараат прозорците за токсичните хемикалии да не се разградат во домот
  • Да се користат лимони и сода бикарбона за да се добие чист мирис во кујната
  • Да се чуваат растенија како папрат или алое вера. Истражувањата на НАСА покажуваат дека засадените растенија дејствуваат како прочистувачи на воздухот – лисјата и корените ги апсорбираат хемиските загадувачи ослободени од синтетички материјали.

Прочитајте и: ИСТРАЖУВАЊЕ: Загадувањето на воздухот го зголемува ризикот од појава на дијабетес

А.Е.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: