Дом и Градина

15 начини како да ја искористите кока-колата во домаќинството

Кока-кола е дефинитивно најпопуларниот пијалок во светот. Сепак, покрај тоа што е вкусна и освежителна, научно докажано е дека нејзината токсичност предизвикува низа негативни ефекти врз човековото тело. Од друга страна пак, научниците истакнуваат дека овој пијалок би бил мошне покорисен и поефективен, доколку се применува во домаќинството.

Кока-колата содржи во себе високо ниво на киселина кое соодветствува со нивото на киселина на една батерија. Нејзиното екстремно високо ниво на ацидозност, може да предизвика низа несакани ефекти , како на пр. да доведе до уништување на забната глеѓ.
Ph вредноста на кока-колата е 2,5, што е премногу во споредба со ph вредноста на една батерија која е 1, додека нивото на ph вредност на водата е 7.

Делотворноста на кока-колата во домаќинството

Иако овој пресладок пијалок не е најсоодветен за консумирање, сепак неговото дејство има широк спректар на примена во секојдневието, почнувајќи од чистење на домаќинството (отстранување дамки од ткаенини, подови, крв од алишта) па се до чистење на мотори и акумулатори. За таа цел, ви набројуваме 20-тина практични начини за користење на овој газиран напиток:

• Решете се од полжави-полијте го пределот со полжави со кока-кола, на тој начин брзо и лесно ќе ги елиминирате
• Исчистете го базенот од дамки од рѓа – истурете 2 л. кока-кола во базенот и оставете да делува неколку минути
• Елиминирајте ги дамките од маркер – истурете малку од напитокот на тепихот, добро протријте и исперете со вода и сапун
• Отстранете мастика од коса – потопете го во кока-кола делот од косата на кој се наоѓа мастиката и оставете да делува 2 минути. Потоа отстранете ја мастиката од праменот
• Исполирајте ги металните пари – потопете ги во сокот и ќе бидат како нови
• Исчистете го моторот од автомобилот – намокрете ја крпата во кока-кола и чистете
• Исчистете ја wc школката – отстранете ги тврдокорните дамки и бигорот така што школката ќе ја прелиете со кока-кола. Оставете да делува еден час и потоа исплакнете со вода
• Отстранете ги дамките од облека – покрај детергент, во машината за перење додајте и 3 дл од пијалокот
• Исчистете ги дамките од подот во гаражата или дворот – истурете од сокот врз дамката, оставете да отстои неколку минути, па потоа исперете го местото со вода
• Отстранете ја бојата за коса – се претпоставува дека целосно ја отстранува бојата од косата
• Исчистете ја изгорената тава – потопете ја во кока-кола, оставете кратко да делува и измијте со вода
• Отстранете ја рѓата – потопете го сунѓерот во сокот и тријте ја зарѓаната површина
• Исполирајте го чајникот – се што треба да направите е само кратко да го потопите чајникот во кока-кола
• Отстранете ја бојата од мебелот изработен од метал-натопете крпа со сокот и со неа тријте по металната површина. Бојата ќе може многу лесно да се отстрани
• Исчистете кинески порцелан – натопете ја крпата во кока-кола и нежно тријте го порцеланот. Дамките експресно ќе ги снема
• Хромирани делови на автомобил – најчесен начин да ги исчистите хромираните делови од автомобилот е да потопите кујнска алуминиумска фолија и со неа да ги пребришете
• Светнете ги кујнските плочки – полијте ги со кока-кола, оставете да отстои неколку минути и пребришете со влажна крпа
• Отстранете дамки од крв од облеката со помош на овој газиран напиток
• Исчистете ги контактите на акумулаторот – прелијте го секој контакт со малку кока-кола
• Држете ги пчелите и осите далеку од себе – доколку се наоѓате во природа, или можеби сакате да уживате во сопствениот мир, наполнете чаша со кока-кола и ставете ја на место подалечно од она каде седите во моментот. Таа чаша ќе ги привлече осите и пчелите како магнет, а вие ќе можете да уживате во сопствената идила.

Безалкохолните пијалоци и здравствените ризици

Научно докажано е дека газираните безалкохолни пијалоци, можат да доведат до компликации на белите дробови и дишните патишта, кои се рефлектираат како астма и хронична опструктивна пулмолошка болест. Луѓето кои пијат газирани пијалоци како што е кока-колата, имаат 48% поголем ризик да добијат срцев напад или удар, наспроти оние кои не консумираат газирани пијалоци. Исто така, секојдневното консумирање на кока-колата може да доведе до губиток на калциумот во коските, на начин што ќе ги омекне и ослаби истите и ќе ги направи лесно подложни на оштетувања.

Доколку ги земете предвид сите предности на овој напиток при користење во домаќинството, лесно ќе заклучите дека не е погоден за консумирање, но е одлична алтернатива и замена на хемиските средства кои ги користите за да го исчистите својот дом.

 

А.Т.

error: