Дом и ГрадинаЗанимливости

10 работи кои би требало да ги чувате во фрижидер, а не се храна

Постојат работи кои би биле многу покорисни доколку ги чувате во фрижидер. Најголемото изненадување е тоа што, воопшто не се работи за храна.

1. Крема за очи

Овие креми се направени за да го намалат отокот околу очите. Ништо не е толку ефектно, како што е ладната крема. Ова има смисла, кога ќе се сетиме дека луѓето ставаат ладна лажица на очите за да ги намалат подочниците. Оладете ја својата крема во фрижидер за да ја направите поефикасна.

2. Молив за очи

Жените обично ова моливче го чуваат во несесер, но можете да му најдете нов дом – во фрижидер. Моливчето за очи полесно се остри кога се чува на ладна температура, па повеќе нема да го трошите беспотребно додека го острите.

3. Лак за нокти

Доколку го чувате лакот за нокти во фрижидер, го забавувате процесот на промена на бојата.

4. Хулахопки и доколенки

Хулахопките и доколенките најлесно се уништуваат по првото носење. Со чување во фрижидер или замрзнувач во текот на ноќта, ќе се зацврстат влакната и шансата да се скинат ќе биде многу мала.

5. Фармерки

Доколку сте личност која редовно ги пере фармерките, тогаш идејата да ги држите во фрижидер ќе ви делува мошне лудо. Сепак, експертите велат дека се препорачува замрзнување на фармерките, бидејќи на тој начин ќе се уништат сите бактерии и ќе се задржи нивната боја.

6. Работи на кои сте посипале восок

Ова навистина создава главоболка. Но, постои едноставно решение. Оставете ја облеката на која сте посипале восок на кратко во фрижидер и лесно ќе го отстраните восокот.

7. Облека залепена со мастика

Можеби се срамиме да признаеме, но на поголемиот дел од нас, во одреден дел од животот, му испаднала мастиката од уста директно на облеката. Наместо веднаш да се обидете да ја отстраните и да направите поголем проблем, соблечето го парчето облека и ставете го во фрижидер. Ниската температура ќе ја ” скамени ” мастиката и многу лесно ќе ја отстраните.

8. Отварање плик

Честопати се случува да го запечатиме пликот, а сеуште не сме го ставиле писмото или документот во него. За да го отворите повторно пликот, ставете го во замрзнувач на 1-2 часа. Ниската температура ќе го уништи составот на лепакот, па лесно ќе можете да го отворите пликот.

9. Цвеќе

Дали сте приметиле колку е ладно во цвеќарите? Постои добра причина за тоа. Ладното го успорува метаболичкиот процес на цвеќињата и ги одржува свежи. Затоа, слободно, во текот на ноќта оставете го цвеќето во фрижидер.

10. Навлаки за перници

Дали сакате да спиете на ладната страна од перницата? Доколку одговорот е да, дефинитивно би требало да ја чувате навлаката во фрижидер. Навлаките треба да ги перете секој втор ден, но ретко кој од нас го почитува тоа правило. Чувањето во замрзнувач е најбрз начин за уништување на бактериите и овој начин, можеме да го применуваме секој ден.

error: