ЗдравјеИнтимно Здравје

Задолжителни превентивни прегледи кои секој маж треба да ги направи

Превентивните прегледи не се задолжителни само за жените. И мажите,  доколку водат грижа за своето здравје, мораат да прават редовни прегледи во зависност од возраста. Со скрининг тестовите навреме може да се откријат одредени болести пред да се појават симптоми, кога и лекувањето е поуспешно. Со рано откривање на рак на дебелото црево, може успешно да се излекува. Со откривање на дијабетес може да се спречат компликации како губење на видот и импотенција.

Рак на простата

Ракот на простата е еден од најчестите малигни тумори кај мажите. Со превентивните прегледи болеста може да се открие рано, пред да се појават симптомите кога третманот е најефикасен. Во скрининг тестови на простата се ректален преглед, ехо како и лабораториски тест за ниво на ПСА. Прегледи на простата се препорачуваат кај:

  • Мажи над 50 годишна возраст
  • Мажи над 45 годишна вопзраст кои имаат ризик од појава на рак на простата
  • Мажи над 40 годишна возраст кои во семејството имале заболен од рак на простата

Тестикуларен карцином

Овој вид на карцином се развива во тестисите, репродуктивните жлезди кои произведуваат сперматозоиди. Повеќето случаи се јавува кај млади мажи од 20-54 години. Потребно е редовно да се проверуваат тестисите со самопреглед. Доколку се приметат тврди грутки, испакнувања или промена во обликот и големината на тестисите треба веднаш да се посети лекар.

Рак на дебелото црево

Колоректалниот карцином е втора причина за смрт кај мажите. Тие имаат поголем ризик од овој тип на карцином во споредба со жените. Најчесто ракот на дебелото црево се развива постепено од полипи.  Со текот на времето ако не се отстранат полипите тие се развиваат во малигни клетки кои можат да се прошират и на другите делови од телото. Скринингот за рак на дебелото црево започнува од 50 годишна возраст кај лица со просечен ризик. Колоноскопијата е златен стандард во откривање на полипи и колоректален карцином. Се изведува со помош на флексибилна цевка која на едниот крај има камера. За време на колоноскопија може да се направи отстранување на полипи. Повеќе за ракот на дебелото црево прочитајте тука

Рак на кожата

Најопасниот облик на рак на кожата е меланомот. Почнува во клетките меланоцити кои се одговорни за бојата на кожата. Повозрасните мажи имаат до два пати поголем ризик за појава на овој тип на рак во споредба со жените. Ризикот се зголемува со долготрајна изложеност на сонце.

Дерматолозите препорачуваат редовни скрининзи на кожата за да се проверат било какви промени на кожата особено на бенките, вклучувајќи го нивниот облик, боја и големина.

Висок крвен притисок (хипертензија)

Ризикот за висок крвен притисок се зголемува со возраста. Исто така високиот притисок е поврзан со тежината како и начинот на живот. Се јавува без симптоми, и доколку не се открие може да доведе до тешки компликации. Добрата вест е дека со промена на животниот стил, намалување на телесната тежина и редовна терапија, може да се одржува во нормални вредности. На овој начин се намалува ризикот од срцеви болести, мозочен удар и проблеми со бубрезите. Затоа е потребно редовно да се мери. Нормален крвен притисок се смета со вредности под 120/80. Колку често треба да се мери крвниот притисок зависи од возраста и од факторите на ризик.

Холестерол

Високите вредности на ЛДЛ-холестерол доведува до таложење на ѕидовите на артериите. Ова го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Артериосклерозата–стврднување и стеснување на артериите, може да се развива со години без да се јават симптоми. Со текот на времето артериосклерозата може да доведе со срцев или мозочен удар. Со промена на животните навики, и соодветна терапија може да се намалат вредностите на овој „лош“ холестерол и да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести.

Крвен липиден статус е тест со кој се покажуваат нивото на вкупен холестерол, ЛДЛ лош холестерол , ХДЛ добар холестерол и триглицериди, маснотии во крвта. Почнувајќи од 35. годишна возраст мажите треба да прават редовни лабораториски контроли.

Дијабетес тип 2

Една третина од лиѓето не знаат дека имаат дијабетес. Неконтролираните нивоа на шеќер во крвта може да бидат причина за срцеви заболувања и мозочен удар, заболување на бубрезите, слепило од оштетување на крвните садови на ретината, оштетување на нервите и импотенција. Ова не мора да се случи, доколку се открие рано. Дијабетесот може да се контролира и да се избегнат компликациите.  Затоа мажите по 45-тата година од животот треба да почнат да редовни прегледи за дијабетес. Доколку имаат поголем ризик како висок холестерол или крвен притисок, со тестирање треба да се почне порано.

ХИВ вирус

Вирусот ХИВ предизвикува СИДА. Тој може да биде во крвта на заразениот со годинин а да нема никакви симптоми. Се пренесува од заразена личност преку незаштитен секс или контакт со крв. Сеуште нема лек или вакцина кои би заштитиле од овој вирус. Современите третмани може да го контролираат ХИВ вирусот да не премине во СИДА. Единствен начин да се открие е преку крвни тестови. Најважна е превенцијата со користење на кондоми.

Глауком

Глауком е опасна болест на очите, бидејќи пред да се појават симтпомите може да го оштети очниот нерв и да дојде до губење на видот. Се открива преку редовни офталмолошки прегледи, кои според возраста треба да се прават на:

  • Под 40:  2-4 години
  • 40-54: 1-3 години
  • 55-64:  1-2 години
  • 65 нагоре: 6-12 месеци

Би можело да ве интересира и: Квалитетот на спермата кај мажите опаѓа последниве 15 години – Еве и зошто!

А.Е.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: