ЗдравјеМакедонија

Што најчесто се пребарува на Google кога е во прашање здравјето? Еве ги одговорите на петте најчесто поставувани прашања на Google

Со се повеќе достапните информации насекаде околу нас, не е воопшто чудно што кога станува збор за медицинските проблеми, пред да се обратат кај матичениот лекар, луѓето најпрво се консултираат со  доктор Гугл. Благодарение на луѓето кои работат во Google Trends, сега можеме да откриеме кои се најпопуларните здравствени прашања засновани на Google пребарувањата во текот на 2017 година.

Што најчесто сакаат да знаат Македонците?

– Што е тоа рак?

Ова е и општо најпребаруваното прашање поврзано со здравјето на Google во 2017 година.  Со тоа што бројот на заболени од рак постојано расте, не е изненадување што луѓето сакаат да се информираат и дознаат повеќе за некоја тема која несомнено ќе допре до нас на еден или на друг начин. Па, што излегува кога луѓето ќе ги искуцаат овие три збора на нивните тастатури? Неверојатни 26.000.000 резултати. Тоа е огромна количина на информации. За среќа, за да се дојде до пристоен одговорот на ова прашање не е потребно многу пребарување. Веб-страниците посветени на прикажувањето на истражувањата, испитувањата, третманите, и најсовремени информации се наоѓаат меѓу првите резултати дадени на ова прашање кое секого би можело да го засегне. 

Одговор: Ракот настанува кога контролниот механизам кој постои во рамките на една клетка ( механизам кој го стимулира растот на клетките и механизмот кој го следи да не дојде до неконтролиран пораст ) почнува да функционира неправилно. Значи, малигно заболување настанува кога телото нема да успее да ги препознае и уништи клетките, кои не се размножуваат нормално. Кај просечниот човек секојдневно се реплицираат околу 100,000,000 клетки, ова е број кој сам по себе подразбира дека некој од нив ќе се реплицираат неправилно. Една од главните функции на имунолошкиот систем е да ги открие и да ги уништи таквите клетки, ако во тоа нема да успее, настанува рак. Тоа значи дека ракот пред се е болест на дисфункција на имунолошкиот систем.

– Што го предизвикува икањето?

Одговор: Еден куп работи можат да предизвикаат икање, од ненадејна промена на температурата па се до газирани пијалоци.

– Како да прекинете со рчење?

Одговор: Најпрво пробајте да го смените животниот стил а ако и тоа не функционира, тогаш побарајте од вашиот лекар некои лесни лекови и третмани.

– Што предизвикува бубрежни камења?

Одговор: Кога урината ќе стане преконцентрирана, минералите во неа се кристализираа и така настануваат камењата во бубрезите.

– Што е тоа Кето диета?

Одговор: Кето диетата функционира на начин со кој од исхраната се исфрлуваат сите јаглени хидрати и шеќери, што вклучува и овошје, со што со брзо темпо за краток период се симнува масното ткиво.

Кога станува збор за здравјето, собирање на информации од сигурни, лесно разбирливи извори е критично. Изборот кој го донесувате во врска со здравјето и медицината можат да се клучни и да имаат длабоко влијание врз животот и благосостојбата на една личност. Значи, тие одлуки треба да се засноваат на најдобрите достапни информации и докази. За жал, има премногу веб-сајтови кои не го нудат ова и затоа треба да бидете внимателни кога пребарувате на Google. Многу лесно можете да се заплеткате во милионите лажни информации и теории на заговор кои ги нуди интернетот.

 

 

К.М.

error: