Здравје

Прва помош прирачник: 8 важни материјали кои треба да ги носите во автомобил или во чанта

прва помош прирачник

Покрај добро познатиот сет за прва помош кој стои во Вашите автомобили, кој се состои од стандардните потребни материјали, како гази, завои, хидроген, фластери, итн, да се потсетиме на нивната потреба, како и дополнителни материјали, кои можат да ја олеснат непријатната ситуација во која може да се најдете Вие, или вашите пријатели.

Пинцети

Пинцетите треба да бидат неизоставен дел од сетот за прва помош, особено ако сакате да пешачите во природа. Најбезбеден начин да се отстрани трн или крлеж, е со чиста пинцета. Дизинфицирајте ги пинцетите со алкохол пред и после секоја употреба.

Крема со хидрокортизон за надворешна примена

За олеснување на чешањето, од убоди на разни инсекти, носете туба со 1% крема на хидрокортизон, кој многу брзо го намалува воспалението и чешањето.

Дезифициенс за раце и ракавици

Ако Вие или вашиот пријател се повредите додека сте некаде на отворено, а немате пристап до сапун и вода, не би било паметно, ниту безбедно да ја третирате раната со нечисти раце. Затоа е потребно да имате гел или марамици за дезинфекција на раце, после што ќе употребите пар ракавици за еднократна примена.

Аналгетици

Секогаш треба да носите со себе аналгетик и антипиретик, за олеснување на болки и за снижување на покачена телесна температура.

Гази и фластери

За исекотини и гребаници, треба да употребите мали гази, со кои се бандажира местото, за да прекине крварењето и за да се покрие и заштити раната. Погодни се и малите адхезивни лепенки за рани, кои ги има во различни големини.

Марамици или раствор за чистење на раната

Пред да направите преврска на раната, треба да се исчисти. Антисептични марамици или спрејови, како и добро познатиот 3% раствор на хидроген, или 10% раствор за кожа со јод, може да послужат за оваа намена. Во ситуација во која немате вакви средства, може да  искористите стерилен физиолошки раствор за леќи, како и за испирање на очите после некаква повреда.

Антибиотска маст или крема за надворешна примена

Маста или кремата со антибиотик за надворешна примена помага во спречување на развој на можна инфекција на малите рани, воедно ја одржува влажноста на областа, како и спречува да се залепи раната за преврската.

Лекови против алергија

Благите алергии се третираат со антихистаминици. Но, оној кој има посериозни алергиски реакции кон убоди од некои инсекти, кон одреден тип на храна, треба да носи со себе инјекција со епинефрин, кој може да му го спаси животот во случај на анафилактичен шок.

Покрај основните насоки кои ги знаете за првата помош, можете да направите сопствен сет со потребни материјали и лекови, и не Ви е потребна луксузна и специјална торба за тоа, туку можете да искористите некој водоотпорен несесер, кутија за алат, нешто што Ви се наоѓа дома.

На следниот линк прочитајте: Како да се справите со алергијата на храна

М.Д.

 

error: