Здравје

МЕТЕОРОПАТИЈА: Еве како да се справите со непријатностите од промената на времето

промената на времето влијае на здравјето

Секогаш кога ќе се најдеме во непријатна ситуација кога треба да се започне разговор или ќе се исцрпат темите се зборува за времето. Меѓутоа, за времето се зборува и од аспект на здравјето и на влијанието на климатските фактори врз човечкото тело. Промената на времето има директно влијание врз организмот и води до промени во расположението. Така, на пример кога врне, нас не боли главата, кога се менуваат временските услови сме уморни , поспани, немаме мирен сон… кога дува ветар сме радразливи, нервозни итн. Се повеќе истражувања укажуваат дека луѓето стануваат почувствителни на промените на климата, односно стануваат метеоропати.

Иако меѓу најзагрозените се лицата на средна годишна возраст, особено жени, не се исклучува можноста оваа состојба да се јави и кај други возрасни групи, дури и кај мали деца.

Зошто промената на времето влијае на организмот?

Секогаш кога се менува времето, во атмосферата се создаваат електромагнетни импулси кои делуваат на орагнизмот и потикнуваат негова реакција и прилагодување. На тој начин, времето а особено ненадејните промени, екстремно ниските или високи температури, притисокот на воздухот, влажноста, итн… го оптеретува организмот. Реакцијата која следи е различна за секого, некои луѓе се помалку или повеќе осетливи на промените, некои не ни чувствуваат промени, додека одредени личности доста бурно реагираат.

Тука треба да се напомене дека покрај климатските услови и индивидуалната чувствителност, промените се јавуват и во зависност од начинот на живот и секојдневните навики кои значително придонесуваат за појава на проблемите.

Кои се ефектите од промената на времето?

Типични симптоми кои се јавуваат се: главоболки, мигрена, несоница, пореметување на сонот, мачнина, замор, општа слабост, нагли промени во расположението, раздразливост, нервоза, депресивни мисли, отежната концентрација, промени во кардиоваскуларниот систем, болки во зглобовите, болки во пределот на оперативните рани, скршеници итн.
Посебно чувствителна категорија на луѓе претставуваат хронично болните, кои патат од заболувања на срцето, висок притисок, проблеми со дишните патишта, астма, ревматоиден артрит, итн.

Како да се надминат тегобите?

– Она што е најзначајно е дека за било кој симптом или болест прво треба да се помогне со природни средства, па потоа со посебна терапија. Пример за тоа се разни чаеви (камилица, мајчина душица, лаванда), за кои се знае дека имаат смирувачки ефект, потоа масажа на слепоочницата или на целата глава, како и на останатите делови од телото, конзумирање на лесна храна.
– Поголема физичка активност на отворен простор, и престој на отворено, без разлика на временските услови. Препорачливи се: долги прошетки, трчање, возење велосипед, престој на планина.
– Секој организам може лесно да се истренира, и да се прилагоди на временската состојба.Туширање со наизменично топла или ладна вода, престој во сауна итн… можат да помогнат во симулација на временските услови.

– Променете го начинот на живеење. Откажете се од цигарите, алкохолот и кафето или ако тоа не е можно едноставно намалете ја количината. Хранете се здраво – повеќе течности, овошје и зеленчук.
– Одмарајте. Релаксирајте се. Прочитајте некоја книга наместо да гледате телевизија. Слушајте добра музика. Најдете некое хоби што би ве исполнило и би ве опуштило, пример цртање.
– Следете ја временската прогноза со цел да го намалите изложувањето на организмот на промените
– И на крај доколку симптомите не се подобруваат или тие се неиздржливи обратете се на лекар за помош.

 

Би можело да ве интересира: Како да ги поднесете наглите временски промени

 

 

Д.К.

error: