Ментално Здравје

Совети за безбедност за лица со епилепсија

Лицата со епилепсија треба да внимаваат на следните работи, како и секој кој има во близина лице со епилепсија, или ако сте родител на дете со епилепсија:

Во бањата:

  • Никогаш не ги заклучувајте вратите;
  • Побезбедно е туширање отколку капење во када;
  • Потпевнувајте под тушот, така Вашите блиски ќе знаат дека сте добро;
  • Туширање со млака вода, избегнувајте премногу топла вода;
  • Секогаш проверувајте дали одводот и вентилацијата во бањата се во ред;
  • Лицата кои имаа чести напади треба да имаат обезбедено дополнителни мерки на безбедност при капење (специјални душеци, столици со сигурносни појаси и сл.)
  • Избегнувајте употреба на електрични уреди (фен за коса, електрична машинка за бричење) во бањата или во близина на вода.

Во кујната:

  • Секогаш кога е можно, користете електрични апарати и гответе кога има присутен друг член од семејството;
  • Користете пластични чинии, прибор, чаши;
  • Користете гумени ракавици при ракување со нож или при миење садови;
  • Избегнувајте често користење на остри ножеви или користете храна која е веќе исечена или полуприготвена;
  • Ако е можно, користете микробранова печка.

На работа:

  • Запознајте ги луѓето кои работат со Вас за можноста од појава на епилептичен напад и како во тој случај можат да помогнат;
  • Носете заштитна облека во согласност со типот на нападите и условите за работа;
  • Во плакарот имајте резервна облека, во случај да треба да се пресоблечете.

Во домот:

  • Обложете го подот и мебелот со меки материјали;
  • Обложете ги заострените рабови на мебелот или купете мебел со заоблени ќошеви;
  • Ставете штитници околу местата со отворен оган, греалки, радијатори;
  • Избегнувајте пушење или палење оган, особено ако сте сами;
  • Не пренесувајте запалени свеќи или загреани садови;
  • Избегнувајте греалки кои може да се превртат;
  • Внимателно користете пегла или други електрични апарати, иако имаат автоматско исклучување;
  • Избегнувајте качување на стол или скала, особено ако сте сами во куќата.

 

Извор: epilepsijamakedonija.mk

error: