Ментално Здравје

Прва помош за сите типови епилептични напади

При епилептичен напад, најважно е лицето да се осигура да е безбедно и сигурно. За повеќето типови на епилептични напади, давањето на основна прва помош е сè што треба да се направи.

Што треба да направите ако некој има напад?

  • Секогаш останете со лицето додека нападот не заврши.
  • Забележете колку долго трае нападот.
  • Останете смирени. Повеќето напади траат само неколку минути.
  • Спречете евентуални повреди, така што ќе ги остраните околните предмети.
  • Направете лицето да се чувствува удобно. Ставете меко под главата, олабавете ги сите алишта што го стегаат.
  • Отстранете ги сите случајни минувачи и публика подалеку.
  • Не држете го лицето кое добило напад.
  • Не ставајте ништо во устата на лицето кое добило напад.
  • Не му давајте вода, лекови или храна преку уста, сè додека лицето не стане потполно свесно.
  • Бидете сигурни дека дишењето е во ред.
  • Успокојте го лицето кое добило напад.

По нападот, поставете го лицето да лежи бочно, на левиот колк. Постои веројатност да повраќа после нападот, па затоа треба лицето да му биде поставено странично, за да може од устата да истече сè што ќе поврати и за да не го вдиши повратеното. Останете покрај лицето додека да закрепне (од 5 до 20 минути).

Запомнете, лицето кое има напад не може да си го проголта јазикот! Затоа, не грижете се за тоа.


Повикајте Брза Помош на 194 во следните ситуации:

Ако нападот трае повеќе од 5 минути, или има и втор напад.

Лицето не се освести во рок од 5 минути по завршување на нападот.

Нападот се случи во вода.

Лицето е повредено.

Лицето е бремено или има дијабет.

Знаете, или верувате дека лицето има прв пат ваков напад.

Не сте сигурни што треба да сторите.

 

Извор: epilepsijamakedonija.mk

error: