Ментално Здравје

Природни начини за справување со анксиозноста

Анксиозност е вид чувство на општа возбуденост и нејасен страв без никаков повод. Таа се манифестира преку повеќе симптоми, физички и психички, кои се доживуваат како непријатни. Често се јавува во комбинација со други ментални болести, од кои најчесто со депресија. Според проценки, дури 10% од вкупното население страда од некоја форма на анксиозност. Таа зема се поголем замав во последниве неколку години, благодарение на технологијата и секојдневниот стрес од работа и модерниот начин на живот. Доколку и Вие чувствувате немир и нервоза предизвикана од анксиозност, има неколку природни начини кои ќе ви помогнат да се справите:

Чести оброци

Доколку сте подолго време гладни, шеќерот во крвта ви опаѓа и тоа доведува до панични напади. Обидете се да консумирате помали опроци повеќе пати во денот. Кога сте во движење, секогаш носете си некој вид на ужина.

Водење љубов

Многу научници веќе докажале дека сексот и оргазмите го подобруваат расположението. Тоа е и еден од најбрзите и најефикасните начини за ослободување од стресот и непријатните мисли.

Танцување

Не мора да сте професионален танчер за да се опуштите. Едноставно пуштете си гласна музика, и танцувајте низ дома. Слушајќи музика, мозокот е сконцентриран само на сегашниот момент, а при танцувањето мускулите се опуштаат и стресот излегува од нашето тело.

Мирис на лаванда

Веќе многу години ароматерапијата се покажува како мошне ефикасен начин за справување со анксиозноста. Мирисот на лаванда е еден од најдобрите при опуштање и подобрување на расположението. Запалете свеќа со мирис на лаванда, или уште подобро, посадете свежа лаванда во мала саксија, и дозволете на мирисот да ве опушти кога и да се чувствуват напнати.

Џвакање гума за џвакање

Иако ова делува чудно, докажано е дека кога џвакаме гума за џвакање ни се подорува концентрацијата и се намалува стресот.

Играње со домашни миленичиња

Домашните миленичиња, а особено мачките, му овозможуваат на нашето тело да се релаксира и ги поттикнуваат хормоните за среќа во мозокот, попознат како серотонин.

Анксиозноста е сериозно ментално нарушување, па доколку страдате од неа, консултирајте се со стручно лице.

 

 

Н.Н.

error: