Ментално Здравје

Истражувачите објаснуваат зошто Ви е потребно време само за себе

Некои луѓе сакаат да го поминуваат своето слободно време сами, додека други не. Сè зависи од индивидуата, но, на секој од нас му е потребно време само за себе со цел да го сочуваме разумот. Дури и најекстровертните личности треба да си одвојат време за да ги обработат мислите за тековниот ден или за животот воопшто.

Сосема погрешно е сфаќањето за самотија и осаменост. Да се биде сам и да се биде осамен – се два различни поими. Осаменоста е болно чувство, кога не знаете да уживате во друштвото сам со себе, додека да се биде сам, значи да се биде сам, да имате време за себе, за релаксација, да знаете да уживате во осаменоста.

Еве кои се причините зошто е потребно да поминувате време сами со себе:

Добивате прилика за “полнење на батериите”

Секојдневието на сите ни носи стрес и анксиозност, во помала или поголема мера, па на крајот од денот, телото и умот мора да се релаксираат. Мозокот прима и процесира толку многу информации во текот на денот, а  при тоа исцрпуваат и социјалните интеракции.

Постојаната активност не му дава прилика на мозокот да се одмори и да се регенерира. Затоа, одвојувањето време за себе, без вознемирувања, ќе помогне мозокот да се исчисти, фокусира, и да размислува многу појасно. Тоа е прилика да се ревитализираат умот и телото во исто време.

Како ќе го направите тоа, ќе зависи од Вас. Но, не е решение да бидете на телефон или пред телевизор. Пронајдете нешто што ќе Ве релаксира, на пример, пишување, цртање, јога.

Ќе воспоставите конекција со себе

Повеќето луѓе, во текот на денот имаат комуникација со многу други, голем број на обврски и одговорности, па на крајот на денот, исцрпени од сето тоа, немате енергија да размислите за себе, за своите желби и потреби, за она што Ве прави среќни. Затоа, направете место во Вашиот распоред, затоа што ризикот од дисконекција со себе е да се развие некое ментално заболување.

Кога ќе се поврзете со вистинското ‘ЈАС’, можете да откриете и осознаете за некои скриени чувства, како и да ги откриете причините за некои постоечки проблеми, кои потоа ќе може полесно да ги решите. При тоа, ќе научите да се сакате и да се грижите повеќе за себе, а да престанете да бидете жртва за сметка на правење услуга на другите, односно она што другите го сакаат.

Ќе можете да ги контролирате Вашите идни делувања

Многу често ни се случува да тргнеме со едни планови, па до крајот на денот, од преголеми обврски и случувања, и да заборавиме која била првичната идеја и цел. Тоа е уште една причина повеќе, дека треба да се дружиме сами со себе. Да застанеме, да направиме ретроспектива на настаните, да сфатиме во кој правец се движиме. Можеби тој пат ни одговара. Но, можеби работите излегуваат од контрола и треба да ги вратиме на патот, на време.

 

Прочитајте за: Како да бидете среќни? Престанете да размислувате премногу и почнете да живеете

 

 

М.Д.

 

 

error: