Ментално Здравје

5 едноставни начини да бидете среќни секој ден

Гледате ли? Живеете на егзотичен остров. Станувате од спиење кога сакате и правите сè што сакате. Еден тип Ве служи со појадок. Од Вашата тераса погледот е кон широкото пространство на океанот. Аха, тоа е живот на млад и пензиониран човек….

Сите сонуваме ЕДЕН ДЕН да бидеме среќни. А до тогаш, затрупани сме со работа, под континуиран стрес и немаме време за среќа. А сонот кој го сонуваме, изгледа дека е невозможен без да добиеме на лото, или да нè изненади некој вујче од Америка, кој остава тестамент на наше име…

Па, ќе чекаме ли да дојде среќата еден ден… ? Или, ќе ги преземеме овие секојдневни мали, ситни нешта, кои ќе нè направат среќни во текот на денот (барем додека добиеме на лото).

1. Зборувајте гласно за своите афирмации

Дали ги слушнавте лошите вести? Ако не сте, значи дека не сте обраќале внимание. Влијанието на песимистичките вести од медиумите, од пријателите, може да Ве повлече надолу. Но, како да се вратите назад? Со тврдење на позитивното.

Кои се вредностите кои ги поседувате? Дали сте силни? Дали сте способни? Дали сте решени да победите без оглед на пречките? Кога гласно зборувате за своите афирмации, тоа влијае на Вашите емоции. Запишете ги Вашите успеси и достигнувања во текот на денот, започнете со 20. Овие постојани позитивни тврдења често ги вознемируваат негативните луѓе. А кога тоа ќе се случи, кажете ги уште погласно.

2. Делете

Подобро е да се дава отколку да се прима. Давањето, споделувањето, е еден од најмоќните начини на сите времиња, за создавање на среќа. Но, тоа не значи дека треба да раздавате наоколу пари. Да, тоа можеби ќе усреќи некого друг, но не и Вас.

Што е тоа што го поседувате, а можете да го делите со другите? Збор – два за да го охрабрите пријателот, подајте рака таму каде што е потребно, дајте му нестандарден бакшиш на келнерот, така што ќе го изненадите, или почестете го со кафе колегата, без никаква особена причина. Овие постапки ќе Ви донесат прекрасно чувство на несебичност, а и среќа.

3. Планирајте и делувајте

Дали сте се довеле некогаш во ситуација  – да се запрашате на крајот од денот – што всушност сте постигнале денес? За да го избегнете тоа чувство, испланирајте ноќта претходно, што сè треба да завршите наредниот ден.

И трудете се, макар и да Ви се заканува некоја елементарна непогода, да ги завршите сите испланирани активности и задачи. На крајот од денот, ќе бидете задоволни од постигнатото, ќе си честитате сами на себе на успехот, и на сите помали успеси кои ги постигнавте, и ќе бидете среќни.

4. Јадете црна чоколада

Црната чоколада влијае на релаксирање на ѕидовите на крвните садови, се намалува крвниот притисок и се подобрува циркулацијата. Исто така, содржи магнезиум, минерал кој помага во ублажување на заморот и депресијата.

Па, ова се доволни причини за да можете да си дозволите ред црна чоколада во текот на денот, нели?

5. Откажувајте се на време

Во тимските спортови, откажувањето не е опција. Но, во секојдневниот живот, ДА, откажувањето на време е витално. Никогаш нема крај на задачите и обврските. Понекогаш, треба да се откажете на време. Светот нема да пропадне, ниту работата нема да застане за Вашата компанија, а задачите ќе Ве чекаат и наредниот ден. Откажувањето во одредено време секој ден, ќе му даде простор на Вашиот ум за да се одмори и да ги процесира и акумулира потребните информации. Искористете го слободното време за разговор и дружење со Вашето семејство, посветете им време на Вашите деца.

Еден од клучните моменти за посреќен живот е – да бидете проактивни во однос на Вашата благостојба, бидејќи никој нема да го направи тоа за Вас. Преземете ја контролата над Вашиот живот и правете сè што е во интерес на Вашата ментална благосостојба. Така, Вашите денови ќе бидат исполнети со повеќе насмевки!

 

Прочитајте за: Смирен родител, среќни деца – Најдобрите 10 совети за родителите

 

 

М.Д.

 

 

error: