Ментално Здравје

20 секунди смеење дневно го продолжува животот

Не секој ден е „наш“, па забораваме колку смеењето навистина е важно и лековито. Истражувањата покажуваат дека тоа нѐ штити од многу болести, го продолжува животот, и е моќно оружје против стресот. Затоа, експертите советуваат кога ни е тешко да пробаме да се смееме барем 20 секунди, бидејќи тоа е доволно за позитивните ефекти да стигнат до мозокот. За да успееме во тоа и кога ни е тешко, тие го препорачуваат следново:

  • Легнете, пуштете музика која ја сакате, препуштете се на пријатните звуци и пробајте да ги ослободите мислите. Кога телото и главата ќе се опуштат, насмевката автоматски ќе заблиска на вашето лице.
  • Коцка од омиленото чоколадо сигурно ќе ви измами насмевка, дури и ако не сте љубител на благото.
  • Ако имате партнер, не го бркајте од себе кога не сте расположени. Расправијата и тензијата можете да ја ублажите со секс. После тоа, сигурно ќе имате причина за насмевка.
  • Истражувањата покажуваат дека љубезноста го поправа расположението и дека дури и обични зборови на разминување можат да бидат лековити, како: добар ден, повелете, фала, како сте…

 

 

Н.Н.

error: