Здравје

Медицински јаглен – волшебна таблетка што треба да ја имаме во домашната аптека

медицински јаглен употреба

Во текот на животот сигурно секој ја има пробано оваа таблетка која е безопасна, а навидум многу корисна. Ова е таблетка кој секој треба да ја поседува во домот, а доколку ја немате веднаш купете ја од најблиската аптека.

Активниот медицински јаглен-Carbo medicinalis е тотално безопасен и неможе да му наштети на вашето здравје. Тоа е црна таблетка без мирис и вкус, единствена лоша страна е што го обојува изметот.

Волшебната моќ на ова средство е огромна, таа е во прва борбена линија против сите труења.

Активниот медицински јаглен е неспецифичен цревен адсорбенс. Има голем капацитет за врзување на токсини и гасови, ја редуцира системската апсорпцијација на овие состојки и ја зголемува нивната елиминација преку дигестивниот систем.

Не смее да се користи:

  • ако сте алергични на активен медицински јаглен
  • ако постои можност за примена на специфичен антидот преку уста.

Една од мерките на предупредување која би можела да ве интерсира:

-жени кои применуваат перорална контрацептивна терапија, во периодот на земање на активен медицински јаглен им се препорачуваат други начини на заштита од бременост.

Најдобро е да користите 4 до 7 таблетки наеднаш, до 4 пати на ден, се додека состојбата не се нормализира, а ако не може да се голтнат може да се растворат во 200мл вода и да се испијат.

Кај поголеми труења дозволено е да се испијат и десетина таблетки. Единствено од оваа таблетка не може да се предизвика предозираност.

Многу е важно таблетката да не се пие со млеко или пак да се вдишува.

Неговата корисност е позната од дамнешни времиња, а неговите благодети се присутни и ден денес.

Индикации за употреба на медицински јаглен:

  • труење со храна
  • диспепсија
  • надуеност
  • дијареа
  • труење со хемикалии, вклучувајќи органофосфати и organochlorines
  • хиперсекреција на хлороводородна киселина во стомакот
  • салмонелоза
  • интоксикација поради дизентерија
  • алергиски заболувања
  • хелатни лекови, вклучувајќи соли на тешки метали или алкалоиди, и на супстанцијата
  • метаболички нарушувања
  • синдром на алкохолно труење
  • со цел за намалување на формирањето на гас во цревата кај пациентите, за време на подготовка за ендоскопски или радиографски испитувања.
  • медицинскиот јаглен се користи и доколку вашето милениче изеде нешто што не треба

Д.К.

error: