Интимно Здравје

Зошто мажите се будат со утринска ерекција? Дали е тоа знак за некој проблем…?

утринска ерекција

Веројатно сте го забележале феноменот на будење со утринска ерекција кај мажите. Но, зошто ова се случува? Дали укажува на некаков здравствен проблем?

Зошто се јавува утринската ерекција?

Сакралниот нерв, дел од парасимпатичкиот нервен систем, ја контролира ерекцијата.

Симпатичкиот нервен систем Ве припрема за акција, а парасимпактикусот, од друга страна, е одговорен за активностите додека Вашето тело одмара и се регенерира. Одговорен е за активностите како дигестија, елиминација на отпадните материи, и сексуалната возбуда.

Затоа може пенисот во текот на ноќта и по неколку пати да биде во ерекција, но, секако дека Вие ќе приметите дури кога сте будни.

Кои фактори имаат влијание?

Полниот мочен меур, соништа, или РЕМ фаза на спиењето, дали имаат влијание?

Да, но сепак тие се поврзани со парасимпатичкиот нервен систем.

За време на РЕМ фазата на спиењето, парасимпатичкиот нервен систем е поактивен, а всушност тоа е фазата кога сонувате – понекогаш и еротски соништа, што секако ќе резултира со ерекција, а понекогаш можеби и со ејакулација.

Полниот мочен меур може да прави притисок и да го стимулира сакралниот нерв.

На која возраст е нормална појава утринската ерекција?

Може да се појавува во било која возраст – дури и машките фетуси може да имаат ерекција во утерусот! Може да се случува кај 3 – годишни момчиња. И сето тоа е нормална појава.

Дали утринската ерекција може да укажува на еректилна дисфункција?

Причините за еректилна дисфункција може да бидат разноврсни, од нарушена невролошка функција, васкуларни проблеми, до анатомски или структурни проблеми. Понекогаш и психолошки проблеми. Најчесто е тешко да се одреди што точно ја предизвикува.

Она што утринската ерекција со сигурност може да го потврди е – дали се работи за физичко или психолошко нарушување. На пример, кај маж кој има проблем со еректилна дисфункција, а бил изложен на голем стрес на работа, ако доживува утринска ерекција, значи дека не е загрижувачка моменталната нарушена еректилна фукција, и дека факторот што е причинител е психолошки.

Проблеми во интимните врски, проблеми на работа, трауми од сексуална природа, може да ја нарушат ерекцијата. Во таквите случаеви, елиминирањето на стресот или конфликтот ќе го реши проблемот. Ако е потребно, побарајте помош од терапевт.

Дали некогаш треба да бидете загрижени поради утринската ерекција?

Пријапизам е состојба при која ерекцијата трае повеќе часови. Ова може да резултира со перманента дисфункција на пенисот. Нормално е да утринската ерекција заврши за кратко време откако ќе се разбудите. Ако имате ерекција која трае повеќе часови, побарајте лекарска помош.

Би можело да ве интересира и: Еректилна дисфункција – симптоми, причини, лекување

error: