Интимно Здравје

Совети: како да се справите со симптомите на менопауза

менопауза симптоми

Периодот на менопауза навистина може да трае многу долго, а симптомите да предизвикаат анскиозност кај жените. Па, жени, дознајте неколку трикови за да си ги олесните симптомите.

Следење на топлинските бранови

Водете дневник за следење кога Ви надоаѓаат топлите бранови. Кога Ви се појавуваат најчесто? Дали после пиење на кафе, алкохол? Во топла просторија? Кога сте под стрес? Кога ќе почувствувате дека започнува топлинскиот бран, вдишувајте полека и длабоко, преку нос, а издишувајте преку уста. Ако нападите се потешки, консултирајте се со лекарот.

Ноќно потење

Во текот на ноќта, нападите може да траат по 3 минути или повеќе, да се испотите и да не можете да заспиете потоа. Што можете да направите: носете лесна пижама, не дебели. Ставете под перницата ќеса со змрзнат грашок, свртете ја перницата од време на време на ладната страна и изладете си го лицето. Покривајте се со лесна и тенка прекривка, а можете да користите и вентилатор, кој ќе го врти воздухот.

Подобрете ги условите за подобар ноќен сон

Било која физичка активност – но до 3 часа пред спиење – може да Ви го подобри ноќниот сон. Навечер избегнувајте алкохол. Напијте се една чаша млеко. Читајте книга. Но, ако имате сериозни потешкотии и покрај ова не можете да заспиете, консултирајте се со лекарот.

Помогнете му на телото

Хормонските промени предизвикуваат сувост на вагината, што сексуалниот чин го прави болен и непријатен. За среќа, постојат производи како вагинални лубриканси или навлажнувачи, кои помагаат. Можете да се консултирате со гинекологот да Ви препише вагинална крема, прстен, таблети. А сексот е многу важен и во овој период од животот, затоа што ќе Ви помогне да имате подобра циркулација.

Поттикнувајте ја сексуалната желба

Масажи, предигри, воведете нови еротски техники, со кои ќе ја вратите изгубената желба за секс. И другите промени, покрај хормонските, придонесуваат за губење на желбата, па консултирајте се со лекарот ако имате проблеми со спиењето, со мочниот меур, или се чувствувате депресивни и под стрес.

Промени на расположението

Како во ПМС, само поинтензивни – плачење, претерано чувство на среќа – кои се чести промени кај жените кога се ближи периодот на менопауза. Ако сте имале тешки преживувања на ПМС симптомите, за време на менопауза очекувајте дека тие ќе бидат уште повеќе изразени, кога ќе настанат големите хормонски промени. Може да помогне јогата, таи чи. Правете забавни нешта со пријателите. Лекарот може да Ви препорача нискодозни контрацептивни таблети, антидепресиви или алтернативни третмани за променливоста во расположението.

Главоболки

Мигрените може да се влошат значително непосредно пред или за време на менопаузата, па дури и за прв пат да се појават. Водете дневник за да забележите што ги предивикува, дали се јавуваат заедно со напливот на топлотните бранови. Јадете помалки оброци во текот на денот, ако гладот е можна причина за појава на главоболките. Недостатокот на сон е исто така можна причина, па одмарајте и краток сон преку денот може да Ви помогне. Лекувањето на мигренозните болки е индивидуално, додека еден начин помага кај еден тип, друг третман е потребен кај друг, затоа консултирајте се секогаш со лекарот.

Проблеми со косата и појава на влакна на лицето

Косата забрзано може да опаѓа или да побеле непосредно пред, и за време на менопаузата. А во исто време, може да се појават влакна на непосакувани делови на телото – како што е лицето, брадата или образите. Користете бои за коса кои не содржат многу агресивни хемикалии, избегнувајте сонце, кое дополнително ја суши. Ако имате влакна на лицето, направете депилација, избелување и други козметички третмани кои ќе помогнат во нивно отстранување.

Акни на тие години?

Сигурно не очекувате да Ви се појават акни на 50 години. Но, изненадувањето е дека тие се појавуваат во периодот околу менопаузата. Користете козметика која не содржи масла, производите за лице нека бидат од линија за сензитивна кожа, и консултирајте се со дерматолог за евентуални третмани на лице.

Фокусирајте се на некои активности

Предизвикајте го мозокот за учење на нови работи. На пример, ново хоби или учење на нов јазик. Намалете го нивото на стрес. Жените кои патат од повеќе топлински напади, велат дека имаат проблем со меморијата.

На следниот линк дознајте за 3 НАЈЧЕСТИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ ЗА КОИ ЖЕНИТЕ НЕ САКААТ ДА ЗБОРУВААТ

 

 

М.Д.

error: