Интимно Здравје

Прашања на кои сакате да имате одговор – за Кегеловите вежби

Кегеловите вежби се еден од најдобрите начини за контролирање на уринарната инконтиненција.

Неколкуте едноставни движења може да помогнат и кај мажите и кај жените, на било која возраст и без разлика на причината која го предизвикува проблемот. Со овие вежби се зајакнува мускулатурата на долниот дел од карлицата, кои го поддржуваат мочниот меур. Кога овие мускули се заслабнати, се случува неконтролирано испуштање на урина.

Ова се прашањата на кои треба да ги знаете одговорите:

Кој е бенефитот од Кегеловите вежби?

Било кој, на било која возраст, што страда од уринарна инконтиненција, ќе има бенефит од изведување на овие вежби. Особено ефектот е изразен кај стрес инконтиненција, но, може да помогне и при ургентна / нагонска инконтиненција. Кај мажите после хируршка интервенција на простата исто така може да помогне во контролирање на уринарната инконтиненција.

За уринарна инконтиненција кај жени повеќе на: 3 НАЈЧЕСТИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ ЗА КОИ ЖЕНИТЕ НЕ САКААТ ДА ЗБОРУВААТ

Како се изведуваат Кегеловите вежби?

Симулирајте како да го прекинувате млазот на урина. Притискајте и стегајте ги мускулите во долниот дел од карлицата. Задржете ги така стегнати 10 секунди, па направете пауза 10 секунди. Повторете серија од 3 до 4 пати по 10 контракции, секој ден.

Како може да помогнат Кегеловите вежби?

Ја зајакнуваат мускулатурата која ја контролира уретрата. Кога овие мускули се заслабнати, не можете да го контролирате мокрењето.

Кога да очекувам резултати од Кегеловите вежби?

Како што е потребно одредено време за да зајакнат бицепсите, така потребно е време за да зајакнат мускулите околу карлицата. Минимум 3-6 недели, ако ги правите секојдневно вежбите.

Кога и каде треба да ги правам Кегеловите вежби?

Убавината на овие вежби е што можете да ги правите било каде и било кога. Никој нема ни да знае дека вежбате. Пробајте неколку серии во автомобил, додека сте на биро, или додека гледате телевизија. За да се осигурате дека ги изведувате правилно, консултирајте се со Вашиот лекар.секс

Дали ми е потребна некаква опрема?

Само за Кегеловите вежби, не. Лекарот може да им препорача на жените да користат конус, кој се инсертира во вагината и Кегеловите вежби се изведуваат со конусот внатре. Постепено се зголемува тежината. Некои лекари ги комбинираат Кегеловите вежби со ‘biofeedback’ терапија, мониторинг систем кој помага во извршување на телесните функции како што е контролата на уринирањето. Можна терапија е и електрична стимулација на локалната мускулатура.

Дали има други бенефити од Кегеловите вежби?

Да. Може многу да Ви помогнат во сексуалниот живот. Кога мускулите во долниот дел на карлицата се во одлична состојба, ќе се контрахираат многу појако за време на оргазам.

error: