Интимно Здравје

Овие интересни факти за вагината сигурно не сте ги знаеле

Дали мислите дека знаете сè за женските делови на телото? Овие неколку интересни факти ќе Ве импресионираат.

Кога станува збор за вагината, жените ги знаат трите основни работи: не треба да употребувате парфимирани гелови за туширање, кај секоја жена се појавува вагинален исцедок, и, ништо не може да се изгуби во вагината. Но, овие работи сигурно не сте ги знаеле:

  1. Зборот вагина потекнува од латинскиот збор чие значење е ‘обвивка за меч’.
  2. Во клиторисот се преплетуваат 8.000 нервни завршетоци, за разлика од пенисот, 4.000. Токму поради оваа причина овој мал дел е најосетлива ерогена зона на женското тело. Моќните сензации се шират низ пелвичната област активирајќи уште 15.000 нервни завршетоци.
  3. Мускулатурата во вагината и помага да се рашири дури до 200 % за време на полов однос или раѓање.
  4. Верувале или не, прв пат зборот вагина бил употребен во филм уште 1946, филм на Дизни – Приказна за менструацијата (Disney – ‘The Story of Menstruation’).
  5. Вагината и ајкулите имаат нешто заедничко – и двете ја содржат супстанцата сквален. Ја има во црниот дроб на ајкулите и е природен вагинален лубриканс.
  6. Вагината е доволно силна за да може да го стегне пенисот, и да не му дозволи да се извлече.
  7. Невозможно е нешто да се изгуби во вагината. Отворот на матката е премногу мал за нешто да помине низ него, освен секако, кога се работи за раѓање на бебе. Пред пубертетот, матката има должина околу 3,5 cm со просечна дебелина од 1 cm. По пубертетот, нормалната должина е околу 7,6 cm, а ширината 4,5 cm, со нормална дебелина од 3 cm.
  8. Вагината се чисти сама, со помош на природната секреција или исцедок. При туширање, не употребувајте парфимирани гелови, антисептици,бидејќи може да ја нарушат нормалната бактериска флора и pH средината, па со тоа да доведе до иритација.
  9. Секоја вагина има свој карактеристичен мирис. Ова може да зависи од начинот на исхрана, хигиената, колку жената се поти, итн.
  10. Понекогаш вагината може да мириса како свежа градина, а понекогаш необично. Ова може да се должи на фактот дека не носите памучна долна облека или носите тесни фармерки и шорцеви. Понекогаш на вагината и е потребно да дише, па ослободете се и носете комфорна облека, или, некогаш не носете воопшто долна облека!
error: