Интимно Здравје

Добри бактерии во Вашата вагина – што се тие, и како влијаат на здравјето?

Во Вашата вагина постојат таканаречени добри бактерии кои Ве штитат од сексуално преносливи болести. Добрите бактерии се мали, но многу моќни. Тие помагаат во зголемување на целокупното здравје на вашето тело. Според доктор Леа Милхајсер, асистент професор на гинекологија на универзитетот Стенфорд, „вагината има природни микробиоми слични на тие во желудникот“. Исто како што на вашиот дигестивен систем му се потребни добри бактерии за нормално функционирање, така тие се потребни и за вашето интимно здравје. Тие најчесто се наследени од Вашата мајка. Ова се неколку факти кои треба да ги знаете за добрите бактерии во Вашата вагина:

Бактерија слична на бактеријата во јогуртот се наоѓа во некои вагини

Колку и да ви звучи ова чудно, некои вагини ја содржат бактеријата лактобацил. Оваа бактерија има повеќе типови, кои можат да се најдат и во вагината, и во јогуртот.

Го намалуваат ризикот од сексуално преносливи болести

Овие бактерии, вклучувајќи го и гореспоменатиот лактобацил го намалуваат ризикот од заболување од кламидија, гонореја, и ХИВ.
Тие делуваат со тоа што ја зголемуваат киселоста на вагината, и ја претвораат во околина во која е невозможно да се развиваат инфекции.

Може да го спречат предвременото породување

Според едно истражување направено на 49 жени кои биле бремени, покажа дека тие жени кои ја имале бактеријата лактобацил имале помал ризик од породување порано од предвиденото. Други истражувања пак, велат дека нема гаранција за ова, бидејќи породувањето е комплицирана состојба на која влијаат разни фактори, а не само бактериите.

Добрите бактерии се наследни од Вашата мајка

Постојат докази кои покажуваат дека добрите бактерии се пренесуваат од мајка на ќерка. Иако тоа звучи логично, тие не се пренесуваат преку гените. Тие всушност се пренесуваат преку породувањето кога ќерката излегува вагинално од мајката. Доколку мајката имала негувани добри бактерии, тие може да се развијат и кај ќерката, некаде околу 15-тата година. Ова сепак не е случај кај породувањата со царски рез, но тоа не значи дека телото не може само да ги создаде овие бактерии.

Контрацепцијата може да ги измени бактериите во вашата вагина

Контрацептивните таблети содржат естроген, и тој може да го поттикне развојот на овие бактерии. Други видови на контрацепција кои содржат прогестерон пак, се поврзуваат со зголемено ниво на инфекции.

Сексот може да влијае врз бактериите во вашата вагина

Сите мажи имаат бактерии на пенисот, кои кога се префрлаат кај жената може да ги уништат добрите бактерии, па затоа користење на кондом е најдобра опција од спречување на оваа појава.

При било какви проблеми во врска со вашето вагинално здравје, задолжително консултирајте се со вашиот гинеколог во најкраток можен рок.

 

 

Н.Н.

error: