Интимно Здравје

6 грешки кои ги правите со градникот, а не сте ни свесни дека така го уништувате

Градниците се една од основните работи кои и се потребни на секоја жена. Иако изгледаат едноставно тие бараат посебен начин на одржување, како би можеле да траат подолго.

Секоја жена знае колку време и е потребно за да пронајде соодветен градник. Доколку градникот е лош, тогаш градите го губат обликот, доаѓа до оптеретувања на половината, се менува положбата на телото и општиот впечаток е дека сте на голема мака.

За да го избегнете сето ова и да го продолжите животниот век на вашиот градник, треба да знаете како правилно да го користите и одржувате.

Менувајте градници

Доколку го носите вашиот омилен градник скоро секој ден, време е за шопинг ! Поголемиот број од жените ја прават оваа голема грешка, но експертите советуваат еден ист градник да не се носи два дена едноподруго, бидејќи на еластинот кој го содржи градникот потребно му е време за да се врати во првобитниот облик. Токму од таа причина градниците брзо се растегнуваат и разлабавуваат.

Како да ја сочувате еластичноста на градникот

Перете го градникот по 2-3 носења

Пречестото перење може да го скрати нивниот век на траење. Перете го градникот по 2-3 носења бидејќи на тој начин ќе го сочувате неговиот облик. Во текот на летниот период носете градници изработени од материјал кој брзо се суши за да го спречите пречестото перење.

Користете детергент без алкохол

Бидете сигурни дека прашокот кој го користите е доволно нежен за вашите алишта и во својот состав не содржи алкохол, бидејќи алкохолот го суши еластинот во градниците. Овие прашоци се така дизајнирани што истовремено ги отстрануваат флеките и не го оштетуваат материјалот.

Перете на раце

Поедноставно е отколку што мислите.Наполнете го мијалникот со ладна вода, сипете малку прашок и ставете го градникот во водата. Потопете го на 10 минути, исцедете го и оставете го да се суши. Побрзо е отколку перењето во машина.

Закопчајте го градникот и перете го во мрежа за долна облека

За да не се деформираат градниците во текот на перењето во машина, закочајте ги и ставете ги во мрежа за долна облека. Перете ги на програма за нежно перење и сензитивни материјали, на особено ниска температура на водата. Со закопчувањето на градникот ќе спречите тој да не се закачи за некој друг предмет и да се растегне или оштети.

Закачете го да се суши

Никогаш не ставајте го градникот да се суши во машина за сушење алишта ! Топлината го уништува еластинот и може да доведе до растопување на пластичните делови од градникот. По перењето, исправете ги корпите и закачете го градникот да се суши. Градникот сушете го така што, со штипките ќе ја закачите лентата која оди околу градите. Никако не ги закачувајте прерамките, бидејќи на тој начин непотребно ќе ги растегнете и за многу брзо време вашиот градник ќе заврши во корпа за отпадоци.

error: