Интимно Здравје

6 факти за интимното здравје на мажите

Тешко е да се следат сите совети за здравјето, кога секој ден можете да прочитате по нешто ново. Следните неколку факти за интимното здравје на МАЖИТЕ, се докажани и не зависат од модерниот пристап во медицината.

Некои лекови може да предизвикаат или да ја влошат инконтиненцијата

Инконтиненцијата (неконтролирано испуштање на урината од мочниот меур) може да биде предизвикана, или пак да биде потенцирана, со примена на одредени групи на лекови (антидепресиви, седативи, антипсихотици, алфа-блокатори). Ако приметите влошување на состојбата, консултирајте се со Вашиот лекар за евентуална промена на терапијата, и совети за подобрување на Вашата состојба.

Создавање на камења во бубрезите

Сите сме слушнале за неподносливата болка кога камчето поминува низ бубрезите. Оние кои го доживеале ова, не би сакале повторно да го имаат истото искуство. Постојат начини да го превенирате создавањето на камења во бубрези, особено ако веќе сте го имале проблемот, затоа што ако еднаш сте имале, не е исклучено дека може да се повторува. Пијте доволно вода – дехидратацијата е примарна причина за создавање на камчиња во бубрезите. Второто е  – ограничете го внесот на натриум. Ова ќе ја намали количината на калциум во урината (од кој се создаваат бубрежните камења), што од друга страна пак, ќе го намали создавањето на бубрежни камења.

Заблуди околу рак на простата

Постојат некои заблуди околу скринингот и терапијата на рак на простата. Едната е дека ПСА (PSA – prostate-specific- antigen) тестирањето е најполезно за мажите на возраст над 65 години. Но, всушност, изведувањето на овој дијагностички тест е најкорисен кај младите мажи. Втората заблуда е дека високите резултати на простата специфичен антиген се секогаш знак за рак на простата. Но, не секогаш е така, па затоа е потребно да се направи биопсија. Третата заблуда е дека со хируршко решавање на простата се нарушува контролата над уринирањето и сексуалниот живот. Доколку се дијагностицира на време, ризикот за појава на трајни проблеми и оштетувања се минимални.

Еректилната дисфункција може да сигнализира постоење на кардиоваксуларно заболување

Еректилната дисфункција кај мажите, не се однесува само на проблеми во сексуалниот живот. Појавата на оваа состојба може да биде висок алерт за други здравствени состојби кои не треба да бидат игнорирани. И да, често е ран знак / предзнак за кардиоваксуларно заболување. Може да биде симптом на срцево заболување, дијабет, гојазност, ниски нивоа на тестостерон. Колку и да го занемарувате овој проблем, посетете лекар за понатамошни иследувања.

Како да делувате на подобрување на проблемот со еректилната дисфункција, прочитајте за природни стимуланси: Овие домашни намирници можат да ја поттикнат ерекцијата

Кога е најпогодно време да се направи вазектомија

Ако планирате да направите вазектомија (стерилизација кај мажите), треба да сте спремни дека ќе треба да одморате, без физички напори, после интервенцијата. Испланирајте продолжен викенд пред ТВ екран, гледајќи спортски канали, додека се опоравувате.

Неколку едноставни чекори за да го сочувате Вашето здравје

Повеќето мажи не обожуваат да посетуваат лекари. Дали поради страв, срам или презафатеност, но, која и да е причината, кога ќе се појават одредени симптоми, особено оние кои може да укажуваат на рак на простата или тестиси, полово пренослива болест, веднаш мора да се направат медицински прегледи.

Можете да го превенирате Вашето здравје со практикување на 4 едноставни чекори:

  • Правете месечни само-прегледи;
  • Информирајте го Вашиот лекар ако Ви се повторуваат епизоди на еректилна дифункција;
  • Правете редовни систематски прегледи;
  • Внимавајте на предупредувачките симптоми на полово преносливи болести
error: