Интимно Здравје

6 домашни намирници кои влијаат лошо на машкиот полов орган

Здравјето на машкиот полов орган зависи главно од нормалното функционирање на тестостеронот. Кога тоа ниво е изместено, може да дојде до несакани последици. Постојат 7 намирници кои често ги внесуваме во нашето тело, а не сме ни свесни за нивното лошо влијание на машкото либидо. Тие намирници се:

Газирани пијалаци

Најновото истражување на научниците од Универзитетот во Копенхаген покажа дека консумирањето на неколку лименки газиран сок во текот на денот остава значајни последици на машките репродуктивни органи. Тие откриле дека еден литар испиени газирани пијалоци на ден може да предизвикаат намалување на производството на сперматозоиди за цели 30% и потенцијално да доведе до еректилна дисфункција.

Црвено месо

Премногу црвено месо богато со хормони може да создаде дисбаланс на природното ниво на хормоните во организмот, што доведува до намалено либидо.

Соја

Содржи изофлавони кои го намалуваат бројот на сперматозоиди, го намалуваат сексуалниот нагон, и можат да создадат еректилни проблеми. Но, до ова може да дојде само при внесување на големи количества соја, па затоа гледајте да внесувате што помалку, но не ја исклучувајте целосно од исхраната.

Шеќер

Истражувањата покажале дека нивото на тестостерон се намалува и за 25% кога имаме премногу шеќер во крвта, а кога нивото на тестостерон се намалува, тоа влијае на ерекцијата.

Алкохол

Една неодамнешна студија од Данска во која беа вклучени 1221 здрави млади мажи (18-28 год.), покажа дека и повремената навика за пиење алкохол -до 5 пијалока неделно – може негативно да влијае на вкупниот број на произведени сперматозоиди во ејакулатот, концентрацијата на сперматозоидите во еден милилитар сперма, како и морфологијата на сперматозоидите (критериум по кој се определува колку добро е формиран еден сперматозоид).

Марихуана

Привремено го намалува нивото на тестостерон, потенцијално го смалува бројот на сперматозоиди, а може да предизвика и еректилна дисфункција.

Прочитајте кои намирници ја поттикнуваат ерекцијата на следниов линк: Овие домашни намирници можат да ја поттикнат ерекцијата

 

 

Н.Н.

error: