Интимно Здравје

10 причини поради кои може да чувствувате болка за време на сексот

Најчесто, кога жената ќе почувствува болка за време на секс, причината е недоволна влажност на вагината. Тоа е воедно и најлесниот проблем за решавање. Доколку тоа не е случајот кај Вас, можеби станува збор за некоја од наведениве причини.

Вагинизам

Вагинизам е вид на сексуално нарушување кое предизвикува грчеви на вагиналните мускули и спречува било каква пенетрација, и гинеколошки преглед. Лекувањето се врши од страна на сексуален терапевт кој ги открива тригерите кои го предизвикуваат овој проблем. Иако ова не може целосно да се излекува, може значително да се ублажи. Причина за оваа појава може да е и стравот.

Вагинални инфекции

Голем број на жени се соочуваат со вагинална габична инфекција. Главни симптоми се чешање, непријатно чувство, обилен бел секрет, црвенило, и сето тоа предизвикува болка при сексот. Таа се јавува поради зголемена употреба на антибиотици, носење мокри костими за капење, и користење несоодветни средства за интимна нега.

Проблеми со грлото на матката

При длабока пенетрација, пенисот може да достигне до грлото на матката, па доколку таму постои било каква инфекција, може да дојде до силна и остра болка.

Проблеми со матката

Болката при сексот исто така може да биде предизвикана од миомите на матката. Најдобра превенција за ова се редовните гинеколошки прегледи.

Ендометриоза

Доколку се соочувате со болни менструации, но и болен секс, веднаш посетете гинеколог бидејќи можно е да станува збор за ендометриоза. Тоа е заболување кај кое ткивото наместо внатре во матката расте надвор, и може да предизвика голема непријатност и во секојдневниот живот, не само во сексот. Но, ова нека не ве заплашува, постои решение кое ќе ги ублажи проблемите.

Проблеми со јајчниците

Цистите исто така се причина за болка за време на сексот. Освен што се непријатни, тие се и опасни бидејќи може да се предвесник на канцерогени клетки.

Воспаление на малата карлица (ПИД)

ПИД е воспаление на горниот дел од репродуктивниот тракт кај жените. Тука спаѓаат матката, јајчниците и јајцеводите. Ова воспаление се појавува кога инфекцијата се шири од вагината нагоре. Главна причина за тоа е често менување на партнерите, или менување на контрацепција. Освен болката за време на сексот, постои ризик и од неплодност ако оваа состојба не се лекува навремено.

Вонматерична бременост

Тоа е вид на бременост со засејување на оплодената јајце-клетка надвор од матката. Ова може да биде и опасно по живот.

Менопауза

Сосема нормална појава за време на менопаузата е недостигот на желба за секс и сувост на вагината, а со тоа следуваат и болни сексуални односи.

Сексуално преносливи болести

Тука спаѓаат ХПВ(хумано папилома вирус) и херпесите.

Како да се ослободите од болката за време на сексот

За некои од горенаведените причини решение е само гинеколошки преглед и соодветен третман. За сувост на вагината најдобро решение е лубрикантот, но доколку болката се јави повеќе од еднаш, задолжително посетете гинеколог.

 

 

Н.Н.

error: