Физичко Здравје

Зошто ракот се наследува?

Благодарение на генетиката и современите методи на научни испитувања, откриено е од кои причини, во некои семејства се појавуваат одредени типови на рак.

Тестирајќи околу 1.100 пациенти заболени од редок вид на сарком, научниците од Институтот за истражување на рак во Лондон, дошле до заклучок дека поголемиот број од лицата се родени со мутирани гени, за кои се знае дека го зголемуваат ризикот од добивање на канцер. Kaj семејствата кои имаат вакво “наследство”, би можеле да се направат скрининзи и навреме да се подложат на терапија.

Саркомот е многу необичен канцер кој се развива во коските, мускулите и меките ткива. Бидејќи многу често ги погодува децата и младите луѓе, научниците одлучиле да посветат повеќе внимание на генетиката и во неа да ја побараат причината за овој конкретен рак. Тие вршеле анализи  на 72 гени кај 1.162 лица заболени од сарком. Кај еден од пет пациенти пронајдени се мутации или грешки во повеќе од еден од тестираните гени. Пациентите кои имале мутации во повеќето гени, почесто развивале рак во младоста, за разлика од лицата кои имале само една мутација.

Се смета дека со навременото откривање на овие мутации постои можност саркомот поефикасно да се лекува.

Тестови кои се користат за дијагностика на саркоми се: биопсија  земање примерок од заболеното ткиво), компјутерска томографија, ултразвук, магнетна резонанца или скен на коски.

error: