Физичко Здравје

Важни медицински иследувања кои треба да ги направите ако сте во 20-те и 30-те години од животот

Посетата на лекар на секој од нас му паѓа најтешко, но, редовните прегледи може да ни го спасат здравјето и животот во подоцнежните години.

Почнувајќи од 20-тите и 30-тите години, потребно е да се направат испитувања за постоење на евентуални проблеми кои може да се одразат на здравствената состојба.

Кои се основните прегледи?

Качување по скали – Не ни е баш омилена активност, но, со ова се проверува влијанието на телесната тежина, која ако е прекумерна, е ризик фактор за развој на повеќе болести.

Крвен притисок – проверката на крвниот притисок е едноставна, ефтина и брза, а Вашето срце (и артериите, мозокот, очите, бубрезите) ќе Ви бидат благодарни подоцна низ годините.

Проверка на холестерол во крвта – Секој на возраст над 20 години треба да го проверува нивото на холестерол во крвта, најмалку на 4 до 6 години.

За жените: ПАП тест и гинеколошки преглед – редовни контроли, кои може да спречат појава и развој на канцерогени заболувања, или стерилитет. ПАП тестот редовно се практикува кај секоја жена од 21-та година. Рутински прегледи се препорачуваат на секои 3 години за жени од 21-65 години. Сексуално активните жени треба да прават тестови и за гонореја, хламидија и ХИВ.

Чувајте ги очите – можеби изгледа безазлено, но, посета на очен лекар е препорачлива пред 40-та година, а доколку имате проблеми со видот, секако се потребни почести контроли.

Вакцинација – прашајте го Вашиот лекар за потребна вакцинација.

Секоја година околу Вашиот роденден, сетете се дека треба да направите основни прегледи. Отидете на забар, или посетете го Вашиот матичен лекар, кој ќе Ве упати да ги направите потребните тестови. Со вложување на 1 – 2  часа од Вашето време, можете да додадете неколку години на квалитетен живот.

error: