Физичко Здравје

Тивок мозочен удар – што треба да знаете

Некои луѓе може да доживеат мозочен удар без да бидат свесни за тоа. Тие се нарекуваат тивки мозочни удари, и не даваат симптоми кои лесно може да се препознаат, или пак не можете да се сетите или да почувствувате некои драстични здравствени проблеми. Но, тие предизвикуваат трајни оштетувања во мозокот.Ако сте доживеале повеќе од еден тивок мозочен удар, може да имате пречки во размислувањето и во концентрацијата. А тие понатаму може да водат кон посериозен мозочен удар.

Како се препознава тивок мозочен удар?

Ако сте доживеале тивок мозочен удар, веројатно нема ни да знаете, сè додека не се направи снимање на мозокот, каде може да се видат оштетувањата. Може да имате проблеми со меморијата, дезориентација во просторот. Лекарот понекогаш може и да ги примети знаците на тивок мозочен удар, пред да се направи снимање.

Тивките мозочни удари се неочекувано почести отколку што претпоставуваме

При следење на група на испитаници со средовечни луѓе, кај кои немало очигледни знаци на мозочен удар, при испитувања, снимања, било докажано дека околу 10% од нив имаат мозочно оштетување од најмалку 1 мозочен удар.

Оштетувањата се перманентни, но со помош на терапија може да се стимулираат другите делови на мозокот, со што може да се повратат функциите кои се заслабнати.

Заштитете се од мозочните удари со усвојување на добри навики

Ризикот за мозочен удар се зголемува ако имате висок крвен притисок или други срцеви заболувања.

Промените во начинот на живот може многу да помогнат во намалување на шансите за добивање на мозочен удар или срцеви заболувања. Направете план за да ги усвоите овие здрави навики:

  • Ако имате висок крвен притисок, земајте редовно терапија
  • Проверувајте го холестеролот
  • Одржувајте ја гликемијата во нормални граници
  • Ако сте пушач, откажете ги цигарите
  • Воведете здрав режим на исхрана, со многу свежо овошје, зеленчук, житарици, а исфрлете ги од исхраната заситените масти (како на пример, црвено месо), солта, шеќерот.
  • Редовно вежбајте
  • Одржувајте добра телесна тежина.

Прочитајте повеќе за: 7 начини како да го регулирате високиот крвен притисок

М.Д.

error: