Физичко Здравје

Зошто срцето работи забрзано после јадење? Или кога ќе легнете?

тахикардија причини

Срцеви палпитации (аритмии, тахикардија) се јавуваат кога срцето почнува да работи забрзано и се чувствува во градите, грлото или вратот. Тие може да доведат до недостаток на здив и анксиозност. Понекогаш оваа состојба настанува после јадење, особено ако легнете. Значи дека нешто во вашиот начин на исхрана не е во ред, или пак станува збор за некоја посериозна здравствена состојба.

Ова се дел од можните причини за појава на тахикардија:

Алкохол

Алкохолот вообичаено предизвикува забрзана срцева работа или нарушување на ритамот на срцевата фреквенција. 

Кофеин

Пијалоците кои содржат кофеин (кафе, чај, енергетски пијалоци) предизвикуваат срцеви палпитации. Но, во Journal of the American Heart Association, во 2016 година, објавена е студија со резултати дека не постои поврзаност помеѓу консумирањето на кофеинот и неправилната срцева работа.

Индивидуални реакции

Некои лица реагираат со промена на срцевата фреквенција после консумирање на одреден тио на храна. Лекарот може да препорача да водите дневник за промената на состојбата, за да може да се идентификуваат типовите на храна кои го предизвикуваат тоа, па потоа да се бараат причините зошто е тоа така.

Лекови за лекување на астма, дијабет или други состојби

Лековите кои содржат фенилефрин или псеудоефедрин може да предизвикаат забрзана срцева работа. Лицата болни од дијабет кои примаат инсулин, може да почувствуваат палпитации, ако настане хипогликемија после оброкот.

Суплементи

Некои суплементи кои се пијат пред или после јадење, може да предизвикаат палпитации, како што се ефедра, жен-шен, глог, валеријана, цитрон.

Пушење

Цигарата пред или после јадење може да предизвика срцеви палпитации.

Кои се причините за забрзана срцева работа откако ќе легнете?

Причини кои не се поврзани со храната или пијалоците, а предизвикуваат тахикардии се:

  • Анксиозност;
  • Низок крвен притисок;
  • Ниски нивоа на шеќер;
  • Болести на тироидеа.
  • Или пак поради постоење на некои срцеви болести, кардиомиопатија или нарушување на валвулите.

За време на бременоста, не е невообичано да се појави забрзана срцева работа при лежење на грб. Причината е притисокот на фетусот врз големите крвни садови, кои предизвикуваат срцето да пумпа забрзано. Затоа се препорачува бремените жени да лежат на левата страна, за да се намали притисокот врз крвните садови.

Може да Ве интересира следното: Често Ви се појавуваат модринки? Дали треба да побарате лекарска помош?

М.Д.
error: