Физичко Здравје

Овие знаци НИКАКО не ги игнорирајте! Можеби телото Ви дава предупредување дека ќе доживеете срцев удар

срцев удар симптоми

Кога станува збор за срцев удар, најчестиот симптом за кој се поврзува е градната болка. Но, постојат и други знаци кои телото ги јавува како предупредување, но, на кои не им обрнуваме особено внимание. Внимателно наслушнувајте што Ви зборува телото, некогаш може да спаси нечиј живот, особено вашиот.

Болка во градите

Ова е најчест симптом за срцев удар, но не секогаш се јавува како неочекувана, силна болка. Може да се манифестира и како непријатно чувство – како стегање или тежина во градите. Може да се помислите и дека имате проблем со желудникот, појава на киселини. Може да трае неколку минути, да исчезнува и да се појавува повремено.

Болка во раката или во грбот

Мажите обично ја чувствуваат волката во левата рака, но кај жените се јавува болка на двете раце. Чувството е како да имате тежина и не можете да ја користите таа рака.

Болката може да започне во градите, а потоа да се движи кон горниот или долниот дел на грбот. Бидете свесни и претпазливи ако болката се појавува од ‘никаде’ или ве буди во текот на спиење.

Болка во вратот или вилицата

Може да се појави болка над рамената. Долната вилица од едната или од двете страни може да Ве боли, или да ја чувствувате затегната. Болката во вратот е исто така симптом, како и чувство на гушење или горење во грлото.

Невообичаен замор

Сите сме постојано зафатени, постојано уморни. Но, ако одеднаш почувствувате изнемоштеност, ако не можете да заспиете, а сте премногу уморни, можеби е тоа аларм за прединфарктна состојба?

Губење на свеста и гадење

Кога притисокот се намалува и срцето не пумпа доволно крв, мозокот не прима доволно кислород, оа настанува губење на свеста.

Гадењето и губење на апетит може да бидат исто така знак за срцев инфаркт.

Потење и потешкотии со дишењето

Ако имате срцев удар, очекувано е да се потите, а без да имате некаков физички напор. Може да чувствувате дека Ви е ладно, дека не можете да земете здив, како да сте трчале маратон. А кога лежите, уште потешко Ви е да дишете.

Кашлање и свирење во градите

Кога срцето не пумпа доволно крв, организмот не може да се снабди со крв и кислород. Ако имате срцев удар, крвта и течностите се враќаат кон белите дробови, што предизвикува потешкотии во дишењето, кашлање, свиреж во градите. Може да искашлувате розеникав секрет.

Отоци

Може да се јават отоци на нозете, зглобовите, стомакот. Бубрезите не може да се ослободат од течностите и солта, па се јавуваат отоци.

Потешкотии во движење

Кога имате срцев удар, поспоро и потешко ги извршувате секојдневните активности, како што е дури и облекувањето или движењето од една до друга соба.

Забрзана срцева работа

При срцев удар, може да почувствувате срцето како брзо работи, како да е на трки.

Неправилна срцева работа

Нарушување на срцевиот ритам, како атријална фибрилација, може да доведе до создавање на згрутчувања во крвта и мозочен удар. Може да не приметите дека имате некаков проблем, освен недостаток на воздух, умор или лесна главоболка.

Гласно ‘рчење

Ако ‘рчите секоја вечер, можеби имате слип апнеја. Се поврзува со атријална фибрилација и може да зголеми ризикот од појава на висок крвен притисок и дијабет тип 2. Ако не ја лекувате оваа состојба, имате поголеми шанси од срцев удар.

Еректилна дисфункција

Ако имате ваков проблем, може да станува збор за срцево заболување. Крвните садови во пенисот немаат добра циркулација. Разговарајте со лекарот ако имате ваков проблем.

На следниот линк прочитајте за Вежби за намалување на ризикот од срцев удар

М.Д.

 

error: