Физичко Здравје

Работи кои ги правиме секој ден а можат да доведат до парализа

Грбна дискус херниа е поместување на дискот од долниот дел на ‘рбетот, што доведува до вклештување на нервниот корен. Болките кои се јавуваат од оваа појава можат да се толку силни што нема да можете да правите ниту обични потези. Исто така, оваа појава може да доведе и до парализа.

Тоа што доведува до оваа состојба е кревањето тешки предмети, нагли потези, и цигарите. Да, цигарите. Тие штетат и отровите кои ги содржат го ослабнуваат ‘рбетниот столб и спречуваат рамномерен пренос на хранливи материи.

За да го намалите ризикот од овој проблем, внимавајте на држењето, положбата во која спиете, движете се почесто, и внимавајте на исхраната.

Доколку забележите некои од симптомите, веднаш посетете лекар.

Ова се најчестите симптоми на дискус хернија:

  • Болки при движење
  • Чувство на болка на едната страна од телото
  • Болка која се шири до нозете и рацете
  • Необјасниво слабеење на мускулите
  • Отежнато движење дури и на кратки релации
error: