АлтернативаФизичко Здравје

ВОСПАЛЕНИЕ НА СИНУСИ: Лекување со алтернативни методи

природен лек за синуси

Синузит или воспаление на синусите настанува поради инфламација или инфекција, при што поради отоци на мукозната мембрана, настанува притисок околу носот, над очите и образите, проследено со болка или зголемена чувствителност.

Природни начини за лекување на симптомите, кои можете и сами да ги приготвите во домашни услови, се следните:

Физиолошки назален раствор

Солените капки или спреј за назална примена се најкористен лек за намалување на притисокот во синусите.

Инхалацијата на солен раствор помага за одзатнување на носот.

Физиолошки раствор може да приготвите во домашни услови, а потребно е стерилна вода, сол и сода бикарбона:

  • 1/4 чиста вода
  • 1/4 лажиче сол
  • 1/4 лажиче сода бикарбона
Или како алтернатива, можете да искористите шише со пумпица за спреј.
Постапката повторувајте ја 2-3 пати на ден.

Нети-пот

Мал сад како чајник (Neti Pot), кој се користи за испирање на носот, што помага за одржување на влажноста на мукозната мембрана и го намалува притисокот во синусите. За правилна употреба на neti pot, треба да се следат следните препораки:

  • Измијте ги добро рацете
  • наполнете го садот со стерилна вода
  • наведнете се над мијалникот
  • главата навалете ја на страна
  • нежно вметнете го клунот на садот во ноздрвата
  • дишете преку уста
  • ставете од водата во ноздрвата
  • повторете ја постапката со другата ноздрва.

Водата ќе премине од едната ноздрва кон другата, и на тој начин се прави испирање на поленот, бактериите или други честички.

Многу е важно да се користи стерилна или дестилирана вода, или едноставно, провриена и оладена вода.

Инхалација на пареа

Едноставно е да го изведете ова дома: зовријте вода, а потоа главата покриена со пешкир држете ја над пареата,а вдишувајте преку нос. На овој начин се ослободуваат носните патишта и се намалува притисокот во синусите.

Акупресура

Акупресурата, како значаен дел од Кинеската традиционална медицина, се користи за намалување на симптомите на болка или симтомите на некоја болест, со аплицирање на притисок на одредени точки на телото. Традиционално се користи за лекување на настинки, грип, проблеми со синусите. Можете да ја изведете сами или да побарате професионална помош.

Хидратација

Организмот треба секогаш да биде добро хидриран, а за синузитот е важно да се одржува влажноста на мукозната мембрана, при што треба и да се пијат доволно течности. Покрај водата, потребите може да се задоволат и преку консумирање на овошни сокови, билни чаеви, кафе.

Топла облога

Може да се искористи некоја крпа, која ќе ја потопите во врела вода, а потоа да ја ставите врз очите и образите неколку минути. Оваа постапка помага во намалување на притисокот.

Есенцијални масла

Иако не постои медицина базирана на докази, маслото од мента помага во отворањето на назалните патишта.

Ставете неколку капки од маслото во топла вода и вдишувајте ја пареата преку носот.

Одмор и релаксација

Болката и притисокот во синусите ги отежнуваат секојдневните активности, особено умствените. Тешко е да се концентрирате, да учите или да работите под таков притисок. Затоа, кога имате воспалени синуси, одморете се и дајте му време на организмот да закрепне.

 

На следниот линк прочитајте за: ЦБД (Канабидиол) МАСЛО – Дали е безбедно за употреба?

 

М.Д.

error: