Физичко Здравје

Причинители и третман на конјуктивитис

Кнјуктивитисот претставува воспаление на конјуктивата, мембрана која го препокрива белиот дел од окото,како и внатрешниот дел од очното јаболко. Доколку пациентот има гнојна секреција од очите, речиси е сигурно дека дијагнозата е бактериски или вирусен конјунктивитис. Кај возрасните, појавата на залепени очни капаци наутро е силен индикатор за бактериски конјунктивитис, додека свработ и историја за конјунктивитис ја намалуваат веројатноста за бактериска причина . Доколку пациентот истовремено има и воспаление на горните дишни патишта, најверојатно има вирусен или бактериски конјунктивитис. Ако пациентот има атопија истовремено со други алергиски симптоми (чиста ринореја, продолжена кашлица, атопичен егзем), пациентот, најверојатно, има алергичен конјунктивитис. Изложеноста на полен или на животни не е секогаш очигледен од историјата на болеста.

Можни причинители на конјуктивитис

1. Бактерии – Пневмококи, хемофилус, хламидија, менингококи, гонококи, стафилококи, мораксела и Е. Коли, итн.
2. Вируси – Аденовируси, Herpes simplex вирус, molluscum contagiosum.
3. Габички – Candida albicans.
Атопија
5. Хемиски конјунктивитис – Локално дадени лекови, изложеност на др. фактори.
6. Суво око

Симптоми

• Секреција од очите-чиста водеста материја е знак за вирусен или алергиски конјуктивит ,додека жолто-зелена за бактерискиот конјуктивит.
• Залепени очни капаци наутро поради акумулирање на секрет во текот на ноќта.
• Чувство на присуство на туѓо тело.
• Црвенило на очите е типичен знак за конјуктивитот.
• Чешање и печење, обично поврзано со алергиска реакција, се опишува како присуство на песок во очите.

Дали конјуктивитисот е заразно заболување?

Бактерискиот и вирусниот конјуктивит се заразни заболувања кои лесно се пренесуваат ако не се внимава на општата хигиена. Се пренесува преку користење на заеднички крпи, шминки, очила, преку кивање, кашлање, нечисти раце. Секој кој е болен од ова треба да биде изолиран, се додека не исчезнат симптомите.

Третман

Чистењето е од суштинска важност: целиот видлив секрет треба да се отстрани.
Пурулентниот конјунктивитис (предизвикан од вируси или од бактерии) треба да се третира со топикални антибиотски препарати.

Лекот од прв избор е хлорамфеникол. Капките се даваат (4–)6–8 пати дневно, а очна маст се става преку ноќта. Најлесниот начин да се дадат капките е да се капнат во внатрешниот агол на окото. Траењето на третманот е една недела или сè додека пациентот не е без симптоми барем 2 дена.
Кај бактерискиот конјуктивит лицето може да се врати на работа или училиште по 24 часа од отпочнување на третманот, додека кај врусниот потебно е подолг период до исчезнување на симптомите.

Превенција од ширење на конјуктивитис

Најважно е одржување на личната хигиена, што значи да се мијат редовно рацете, да не се користи иста козметика, крпа или слично. Треба да се дезинфецираат сите работни површини, тастатура од компјутери, врати, кваки и препарати кои ги допирал заболениот од конјуктивитис.

 

 

Д.К.

error: